За проектот Живеење во демократија

Живеење во демократија

Проектот од ОДГ/ОЧП – „Живеење во демократија“ е образовен проект, кој се стреми да промовира демократија и образование за демократија во различни нивоа на образование, во различни образовни системи, за земјите како што се Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Грција, Косово, Црна Гора, Романија, Србија, Македонија, Швајцарија и тн.

Интернационални проекти во образованието (IPE – International Project in Education) како организација развија шест наставни прирачници за ОДГ/ОЧП во соработка со Советот на Европа. Принципот на наставните материјали е заснован на идеата дека Образованието за демократија треба да ги учи учениците да заземат активна улога во училиштата и животната околина.

Живеење во демократија и учење за демократија

Учениците се обучуваат во три димензии за да ги развијат потребните компетенции:

  • Часови за тематиките демократија и човекови права
  • Училиштето како место за искусување на демократијата и човековите права

Учење да се учествува во општеството

Училиштата играат клучна улога во животот на учениците. Затоа, училиштата мораат да создадат околина во која децата и тинејџерите ќе се способни не само да стекнат компетенции во училницат, туку и способноста да се примени ова знаење од училницата во животот.

Училиштата треба да ги мотивираат учениците да учествуваат во заедницата и да им ги овозможат потребните „алатки“ за оваа задача.

Образованието за демократија делува на три нивоа:

  • Училницата –таа е еден мал колектив и создава многу можности за почетно искуство во образованието за демократија.
  • Училиштето – социјалното учество се случува во училиштето кое е една проширена заедница.
  • Општеството – децата и тинејџерите согледуваат што значи учеството, преку бранење на нивните интереси надвор од училиштето.

Адекватните наставни материјали за Образованието за демократија и човекови права можат да го помогнат процесот на учење, а на учениците да им ја пренесат соодветната тематика, методолошките компетенции и компетенциите за донесување одлуки.

Друг елемент на овој проект е издавањето на сите преведени теми, вежби и помошни текстови од ОДГ/ОЧП Книгите I – VI на посебна веб-страна која е отворена и бесплатна за сите наставници и заинтересирани.