За тимот

Раководители


IPE-Willie_Weidinger

Вилтруд Вајдингер
wiltrud.weidinger@phzh.ch
Д-р Вилтруд Вајдингер (р. 1973) има работено како наставник во основно училиште во повеќе билингвални јавни училишта и како обучувач на наставници и ученици во Австрија и Источна Европа. Во 2004-та станува лектор на Универзитетот за образование на наставници во Тургау по психологија и дидактика на англиск и јазик, а исто така е и ментор за студентите на Универзитетот за образование на наставници во Цирих. Нејзините квалификации вклучуваат докторат во областа образование, магистратура по образование/психологија на Универзитетот во Виена и магистратура во образование (Психологија во училиштата) од Градскиот универзитет во Њујорк. Моментално таа работи како лектор по дидактика на Универзитетот за образование на наставници во Цирих. Во Интернационалните проекти за образование (IPE) таа е главно одговорна за менаџерски задачи и конципирање на проекти.


IPE-Rolf_Gollob

Ролф Голоб
rolf.gollob@phzh.ch
Проф. д-р Ролф Голоб (р.1955) е наставник во основно образование пред да студира етнологија и новинарство на Универзитетот во Цирих. Откако се здобива со магистратура, тој се концентрира на етнолошки истражувања, а потоа станува лектор на Универзитетот за образование на наставници во Цирих. Овде работи веќе петнаесет години, концентрирајќи се на граѓанско образование и интеркултурна педагогија. ОД 1996-та, тој често патува до Југоисточна Европа како експерт за човекови права и граѓанско образование од Советот на Европа. Живее со неговата сопруга и четири деца во Менедорф, близу Цирих. Во ИПО (IPE) главно е одговорен за наоѓањето и реализацијата на проекти.

 

Раководство со истражувачки проекти, лектор


Basil Schader

Базил Шадер
basil.schader@phzh.ch
Проф. д-р Базил Шадер (р.1951). Шест години работи како наставник во основно образование, потоа ги завршува студиите по германска филологија и педагогија, антропологија и албански јазик и култура. Тој работи во областа на јазично образование и како специјалист во областа на интеркултурно проширување на наставната практика, на почетните програми за обука на наставници во Цирих. Тој е иницијатор на овие активности, а исто така, до 2011-та е раководител на предметот – Германски како немајчин јазик (DaZ). Од 2008-ма тој работи со ИПО (IPE) каде води различни проекти. Има опширна активност во издавањето и искуство (во истражување, материјали за предавање и учење и прирачници за настава). Неговата работа и истражување се фокусирани на интеркултурната ориентација во наставата по јазик, албански јазик, култура и миграција, како и материјали за настава.

 

Научен соработник, координатор на проекти


IPE-Sabrina_Marruncheddu

Сабрина Марунчеду
sabrina.marruncheddu@phzh.ch
Сабрина Марунчеду (р. 1971) е магистер по англиски и италијански јазик и предава на секундарно ниво II на Универзитетот во Цирих. По завршувањето на студиите таа предава во повеќе средни училишта сè додека не дојде на Универзитетот за образование на наставници во Цирих во 2003-та, како координатор на проекти. Оттогаш таа се вклучува во повеќе образовни проекти како што е проектот Поддршка за образование на наставници (STEP) во Бутан. Во ИПО таа е одговорна за координација на проекти и научно истражување.


Doris Kuhn

Дорис Кун
doris.kuhn@phzh.ch
Дорис Кун (р.1964) работи со комерцијални и туристички услуги на во различни улоги. Таа доаѓа на Педагошкиот универзитет во Цирих во 2003-та како асистент во областа на образование, а подоцна студира антропологија, компаративна религија и историја на уметност на Универзитетот во Цирих. Таа работи во различни катедри на Педагошкиот универзитет, вклучувајќи обука на наставници како и професионален развој, со улога на организатор и предавач. Од 2013, таа е активно вклучена како истражувачки асистент во ИПО на проектот „Живеење во демократија – Југоисточна Европа (Образование за демократско граѓанство и образование за човекови права)“ и на проект за образование на Роми во Романија. Ова го прави истовремено со втората работа во раководство со човекови ресурси за проректорот за образование и истражување.

 

Раководител на проектот


Corinna Mauth

Corinna Borer
corinna.borer@phzh.ch
Corinna Borer, (р.1976) студира биотехнологија во Германија. По завршувањето на докторските студии по невробиолошко истражување, таа работи како соработник за научно истражување на Универзитетот за применети науки – Цирих (ZHAW) во Винтертур, каде што води истражувачки проекти во областа на медицинската технологија, надгледува студенти кои работат на магистерски тези и исто така, активна е во наставата. Во 2007-ма, таа почнува да работи како раководител на проекти во индустрискиот сектор, каде главно планира и раководи со истражувачки проекти за развивање на импланти. Од 2012, работи како раководител на проекти за ИПО и одговорна е за координација на проектот, дизајн и структура на информациите и раководење со интерни и екстерни интерфејси. Во слободно време, таа волонтира во служба за професионално советување во Аргау, каде што е помлад ментор.

 

Експерт за комуникации, координатор на проектот


IPE-Franziska_Agosti

Франциска Агости
franziska.agosti@phzh.ch
Франциска Агости студира на Универзитетот за уметност – Цирих (ZHdK). По ова, таа работи како сликар и води свое студио повеќе години. Потоа работи како уредник на национален швајцарски дневник. Во ИПО, таа е одговорна за комуникација како и за координација на проектите како што е „Шанса за децата/Гана“ Во слободно време таа волонтира во областа на односи со медиумите за интернационална НВО.

 

Експерт за финансии


IPE-Tenzin_Ribi

Тензин Јангзом Риби
tenzin.ribi@phzh.ch
Тензин Јангзом Риби студира агрикултура на Универзитетот за агрикултура Бангалор во Индија. Таа се сели во Швајцарија во 1991-ва и работи во повеќе банки во Цирих. Во ИПО, таа е одговорна за планирање и извршување на сите финансиски процеси поврзани со ИПО проектите. Исто така, таа е врската меѓу Комитетот за раководење на проекти на ИПО и Одделението за финансии и контрола на Педагошкиот универзитет во Цирих. Таа живее во Цирих со својот сопруг и две деца.