Споровите околу спротиставени приоритети, потреби и интереси се дел од животот во секое општество. Некои општества се обидуваат да ги сокријат конфликтите од овој тип, мислејќи дека ако се зборува за нив ќе се наруши социјалната хармонија. Но, во демократските општества луѓето се мотивираат да ги изнесуваат и дискутираат нивните разлики отворено. Така одлучувањето е поефективно и поправедно, а проблемите најчесто се решаваат наместо да останат „затскриени“. Во училиштата, младите луѓе ги разгледуваат типовите на конфликт присутни во нивната заедница. Тие учат начини на ненасилно решавање конфликти, како што е медијацијата на другите.

Образование за демократија Vol. I
РАСТЕЊЕ ВО ДЕМОКРАТИЈА Vol. II
Живеење во демократија Vol. III
Учество во демократија Vol. IV
Сознавање на детските права Vol. V
Предавање демократија Vol. VI