Living Democracy » Прирачници
Прирачници
Наставниците честопати имаат проблем при наоѓањето соодветни наставни ресурси за образованието за граѓанство и човекови права. Тие што се моментално достапни, прилично се разликуваат во однос на квалитетот и опфатноста на теми. Шесте прирачника за „Живеење во демократија“ од Советот на Европа на наставниците им нудат висококвалитетни материјали за час, кои се тестирани од просветниците во повеќе земји. Прирачниците се доволно флексибилни за им овозможат на искусните, како и обучуваните наставници, да ги претстават граѓанството и човековите права во училиштата на забавен, интерактивен и интересен начин. Материјалите се од експерти/автори од различни делови на Европа и се за учениците од основно до средно образование.
Образование за демократија
Основни материјали за образование за демократско граѓанство и образование за човекови права за наставници
Овој прирачник - книга I од серијалот од шест книги „Образование за демократија: Материјали за потеклото на образованието за демократско граѓанство и човекови права за наставници“ - има за цел да ги поддржи наставниците и практичарите во областа на образованието за демократсо граѓанство и образованието за човекови права (ОДГ/ОЧП). Се занимава со клучните прашања на образованието за демократско граѓанство и образованието за човекови права, со одредувањето на целта и основите на ОДГ/ОЧП и со пристап на сите нивоа во образованието за демократско граѓанство и образованието за човекови права.
Овој прирачник се состои од три дела. Во дел 1 се разјаснуваат оние аспекти на основите на ОДГ/ОЧП кои се релевантни за наставниците од сите степени. Делот 2 содржи директиви и алатки за дизајнирање, поддршка и оценување на конструктивистичките и интерактивните процеси на учење. Делот 3 нуди методски пакет за наставници и ученици во ОДГ/ОЧП. Останатите книги од овој серијал содржат конкретни модели и материјали на настава во ОДГ/ОЧП за ученици од примарниот степен до горниот секундарен степен.
Прочитајте повеќе
РАСТЕЊЕ ВО ДЕМОКРАТИЈА
Наставни планови за демократско граѓанство и човекови права за основно образование
Растење во демократија е книга која е наменета за наставници кои сакаат да го вклучат образованието за демократско граѓанство (ОДГ) и образованието за човекови права во нивните секојдневни предавања. Секоја од четирите лекции од деветте наставни теми содржи упатства „чекор по чекор“ и вклучува материјали за ученици и основни материјали за наставници. Целосниот прирачник сочинува една годишна наставна програма за ученици од основното образование (одделенија 4-то до 6-то). Бидејќи секоја тема е целина сама по себе, користењето на прирачникот е многу флексибилно. Затоа, погодно е за користење и од страна на уредници на учебници, развивачи на наставна програма, обучувачи на наставници и наставници кои се почетници.
Целта на ОДГ/ОЧП е да ги научи децата да станат активни граѓани кои сакаат да учествуваат во демократското општество. Оттаму, ОДГ/ОЧП дава особено внимание на акцијата и учењето базирано на задачи. Училишната заедница се сфаќа како сфера на автентично искуство, во кое младите луѓе учат како да учествуваат во демократското одлучување и преземање одговорност на рана возраст. Клучните концепти на ОДГ/ОЧП се учат како алатки за учење во текот на целиот живот.
Прочитајте повеќе
Живеење во демократија
Наставни планови за ОДГ/ОЧП за повисоките одделенија во основното образование
Ова е прирачник за наставници по образование за демократско граѓанство, образование за човекови права и уредници на прирачници и наставни програми. Деветте наставни теми со околу четири лекции во секоја тема се концентрираат на клучни концепти во ОДГ/ОЧП. Наставните планови нудат упатства чекор-по-чекор, содржат материјали за ученици и основни материјали за наставници. Поради тоа, овој прирачник одговара за обучуваните, почетниците во наставната професија и наставниците кои добиваат практична обука за ОДГ/ОЧП. Искусните наставници можат да ги користат идеите и материјалите. Целосниот прирачник нуди една годишна наставна програма за почетните години на средно образование, но, бидејќи секоја тема е самостојна, прирачникот нуди голема флексибилност при користењето. Целта на ОДГ/ОЧП е активен граѓанин кој сака и може да учествува во демократската заедница. Затоа ОДГ/ОЧП силно го нагласува дејствувањето и практичното учење. Училишната заедница се замислува како сфера на автентични искуства каде младите луѓе можат да научат како да учестуваат во демократското одлучување и учат да преземат одговорност на рана возраст. Клучните концепти на ОДГ/ОЧП се учат како алатки за доживотно учење.
Прочитајте повеќе
Учество во демократија
Наставни планови за образованието за демократско граѓанство и образованието за човекови права за повисоките години од средното образование.
Ова е прирачник за наставници по Образованието за демократско граѓанство (ОДГ) и Образование за човековите права (ОЧП), уредници на прирачници по ОДГ/ОЧП и развивачи на наставни програми. Деветте наставни теми со приближно четири лекции во секоја тема се концентрираат на клучни концепти во ОДГ/ОЧП. Плановите за час даваат упатства чекор-по-чекор и вклучуваат материјали за ученици и основни информации за наставници. На овој начин, прирачникот е погоден за обученици или почетници во предавачката профеција и наставници кои имаат обука по ОДГ/ОЧП на работното место. Искусните наставници можат да најдат идеи и материјали. Целосниот прирачник е целосна наставна програма за ученици во повисоките години на средното образование (класови II до IV, или 10 до 12), но бидејќи секоја тема е комплетна сама за себе, прирачникот дозволува голема флексибилност при користењето.
Целта на ОДГ/ОЧП е активниот граѓанин кој е желен и способен да учествува во демократската заедница. Затоа, ОДГ/ОЧП силно ја истакнува акцијата и учењето преку задачи. Овој прирачник за средно образование се концентрира на клучни концепти кои им овозможуваат на младите луѓе да учествуваат во демократското одлучување и да ги совладаат предизвиците на динамичното плуралистичко општество. Клучните концепти на ОДГ/ОЧП се предаваат како алатки за учење во текот на целиот живот.
Прочитајте повеќе
Сознавање на детските права
Наставни проекти за 1-во до 9-то одделение
Децата треба да знаат кои права ги имаат, но исто така да научат како да ги ценат и користат. За да се постигне ова, училиштата мораат да овозможат најразлични наставни форми преку кои би се доживеало образованието за правата на децата. Децата ги разбираат и ценат нивните права преку нивното користење во училиштата и во секојдневниот живот. За децата да се мотивираат да ги користат нивните права, наставниците имаат задача да создадат атмосфера во која преовладува духот на демократијата и човековите права.
Овој прирачник е наменет за наставници кои бараат алатка со која ќе ги поучуваат учениците во основното образование за правата на децата. Карактеристиките на овој прирачник се:
Прочитајте повеќе
- Девет мали наставни проекти за учениците од 1-во до 9-то одделение, со четири лекции во секој проект.
- Детали.
Предавање демократија
Збир на модели во образованието за демократско граѓанство и образованието за човекови права
Овој прирачник за наставници содржи колекција на вежби и модели за Образованието за демократско граѓанство (ОДГ) и Образованието за човекови права (ОЧП), за во училиштата како и за во неформалните форми на образование. Овие модели на предавање ја создаваат рамката која ќе ги мотивира учениците да станат активни со давање примери и начини за разбирање на општите принципи на демократијата и човековите права. Многу вежби се прилагодливи за различни старосни групи, бидејќи нивото на размислување варира.
Широкиот избор на пристапи го прикажува фактот дека во оваа книга учествуваа автори од сите делови на Европа. Тие се инспирираа од различни извори и традиции на предавање и учење и избраа модели кои ги знаат од практичното искуство и тестирањето на час. Сепак, постои заедничко убедување во ОДГ/ОЧП кое е присутно во секој дел на оваа книга: Во ОДГ/ОЧП, методот ја пренесува пораката. Овој прирачник на корисниците им нуди можност да одберат и испробаат различни традиции и пристапи за Образованието за демократско граѓанство и Образованието за човекови права.
Прочитајте повеќе