Вие ја читате Книгата I
Образование за демократија

3. Компетенции во ОДГ/ОЧП


3.1 „Би сакал/а со задоволство моите ученици да го умеат следното ...“

„Откако ги извежбавме техниките на презентација, јас сакам моите ученици да се во состојба да предаваат нешто во оделението, без да читаат.“

„Откако ние за време на шесте лекции разговаравме за основите на нашиот Устав, очекувам од моите ученици да можат да објаснат како функционира нашиот изборен систем и кои партии моментално се вклучени во владата .“

„Пред неколку месеци во одделението го имавме проблемот што некои ученици не сакаа при дискусијата да ги ислушаат другите и им упаѓаа во збор на оние, кои не се согласуваа со нивното мислење. Ние потоа интензивно се позанимававме со правото за слободно изразување на мислењето и разговаравме дека тоа функционира за сите, само тогаш кога ние внимаваме едни на други. Јас се надевам дека повеќето ученици до крајот на годината го сфатија тоа и знаат како да се однесуваат во дискусии.“

Овие примери покажуваат со кои прашања се справуваат наставниците во ОДГ/ОЧП при планирањето на лекциите: Врз основа на содржини и причини како што се горе опишаните, тие ги дефинираат нивните цели. Истовремено при нивното планирање ги имаат предвид и условите и потребите за учење на учениците, соодветните процеси на учење и компетенциите со кои учениците треба на крајот да располагаат.

На наставниците овој начин на размислување најчесто им е многу добро познат, тој одговара на моменталната практика на планирање на наставата. Повеќето наставници не размислуваат само за тоа која тема и кој материјал сакаат да го разработат, туку исто така и кои вештини се очекуваат од нивните ученици и од кои предуслови може т.е. мора да се тргне.

Целите кои ставаат фокус на учениците и на тоа, за што тие би требало да се способни, се ориентирани кон компетенциите. Како возрасни, учениците ќе мора да бидат способни сами да се справуваат, без наставник кој ќе ги води или надгледува. Традиционалниот модел на настава – формалното посредување на знаење, претоварен наставен план – придонесува малку за тоа, учениците во однос на вештините и на вредностите и ставовите  да станат независни, да бидат самите сигурни и компетентни. Еден пристап ориентиран кон компетенциите подобро се справува со оваа перспектива.

Трите примери посочуваат на различни димензии на развојот на компетенциите:

  • Првиот пример – воспоставување на контакт со очите со публиката и слободно зборување – се однесува на вештини кои не се врзани за специфични содржини, но на учениците им даваат инструменти во раката, кои се неизбежни за користење на знаењето и информациите. Ова увежбување на вештини – или учење „за“ демократското граѓанство и за човековите права – ги оспособува учениците да ги употребат нивните човекови права и да учествуваат во демократијата.
  • Во вториот пример – знаење и разбирање на основите на избирачкиот систем, кој победил на последните избори и сега ја сочинува актуелната влада – се работи за учење „низ“ демократијата и човековите права. Младите граѓани мора да знаат кои човекови права – на пр. Правото да се учествува на изборите – се втемелени како граѓански права во Уставот на нивната земја и која тежина ја има т.е. ќе ја има нивниот сопствен глас во избирачкиот систем на нивната земја.
  • Последниот пример го покажува значењето на вредностите и ставовите. Демократијата мора да може да се потпре на политичка култура, која се заснива на заеднички ставови и вредности на граѓаните – во горе наведниот случај тоа се обостраното внимание и толеранција кон останатите мислења. Учениците мора да можат да прифатат дека при практикувањето на нивните лични права и слободи, мора да ги почитуваат и правата на другите. Една култура на човекови права го условува од една страна зајакнувањето на правото на автономија на учениците и наставниците, но од друга страна исто така и спознавањето дека ние сносиме одговорност за почитувањето на човековите права на другите. Замислите за вредностите се развиваат низ искуство и врз основа на уверливи модели на пример – доколку демократијата и човековите права служат како принципи на учењето (образование „преку“ демократијата и човековите права).

3.2 Компетенции – општа дефиниција

Компетенциите се однесуваат на способноста за дејствување на едно лице и тоа во три области кои го градат јадрото на личниот идентитет. Тие се однесуваат

  • на тоа што едно лице знае и разбрало;
  • на способноста односното лице да го употреби тоа знаење;
  • на сознанието и уважувањето на сопственото знаење и умеење, кое едно лице го поседува и на подготвеноста ова знаење и умеење самоуверено и одговорно да го применува.

Последната точка е од особено значење. Не само наставниците, туку пред сè и учениците треба самите да знаат кое практично знаење го стекнале. Тие мора да се свесни со што располагаат во нивниот ментален инструментариум и кои задачи или проблеми можат со овие инструменти да ги решат. Но пред сè потребна им е неопходната самоувереност за да го прифатат исто и ризикот од правење на грешки во процесот на доживотното учење.


3.3 Како наставниците можат да им посредуваат компетенции на учениците? Моделот на компетенции и перформанс

Компетенциите се однесуваат на способностите и потенцијалите, кои  се кријат „во нас“и со тоа се „невидливи“. Како сега наставниците можат да откријат со кои компетенции нивните ученици располагаат?

Еден модел кој беше развиен од познатиот лингвист Ноам Чомски, во еден друг научен контекст, но со оглед на споредливата положба на проблемот, ни помага во овој поглед. Чомски ја опиша јазичната компетенција на нативните говорници (т.е. при усвојувањето на првиот јазик) како што следи: Нативните говорници произведуваат и разбираат постојано реченици кои претходно никогаш не ги изговориле или слушнале. Ние навистина не можеме да ја „видиме“ јазичната компетенција, но ние го восприемаме јазичниот перформанс на говорителот и оттука мора да прифатиме дека тој т.е. таа располага со компетенцијата усно да комуницира на едно такво ниво.

Компетенција без видлив перформанс не постои, а исто и обратно важи дека перформансот т.е одредено дејство без компетенција не е возможно. Наставниците го оценуваат развојот на компетенциите на нивните учениците врз основа на нивниот перформанс т.е. врз основа на нивната способност за дејствување. Учењето ориентирано кон дејствување им овозможува на учениците да ги разработат и да ги документираат компетенциите, а на наставниците овој концепт им дозволува да го оценат успехот и потребите за учење на нивните учениците. Ова се разбира не важи само за ОДГ/ОЧП, туку и за целокупното поучување и учење.


3.4 Модел на компетенции на учениците во ОДГ/ОЧП

Ние го оценуваме развивањето на компетенциите на учениците врз основа на нашата перцепција за нивното постигнување. Компетенциите како такви се невидливи и ние можеме да ги опфатиме само преку модели кои нѐ поддржуваат во дефинирањето на целите на учење и ни даваат инструкции при оценувањето на успехот на учениците.

Актуелната збирка на основи и материјали за ОДГ/ОЧП е основа на моделот на компетенции кој е во согласност со основните принципи на ОДГ/ОЧП: „за“, „низ“ и  „преку“ поучувањето на демократијата и човековите права.

Во ОДГ/ОЧП се вклучуваат компетенциите на учениците за следните аспекти:

  • политичка компетенција за анализирање и расудување;
  • способности (тука види дел 3 од оваа книга);
  • компетенција за дејствување и политичко учество;
  • самокомпетенција и социјална компетенција.
3.4.1 Политичка компетенција за анализирање и расудување

Демократското граѓанство бара граѓани кои ќе можат да ги разберат темите во јавниот дијалог. Притоа тие мора да бидат соодветно информирани и да бидат способни за анализирање на проблемите, начините на аргументирање и  конфликтите. Ова е когнитивната димензија на развивањето на компетенции (учење „преку“ политички прашања).

Без ова ниво на разбирање граѓаните се лесен плен за демагозите, лобистите и популистите и тие исто така не се во состојба да ги препознаат нивните сопствени или групни интереси и да преговараат за нив. Ние сме зависни од медиумите како извори на информации и затоа мора да бидеме во состојба критички да ги користиме.

Луѓето можат да делуваат политички само доколку знаат што сакаат да постигнат. Тие мора да умеат да ги дефинираат нивните интереси и цели и притоа да ги одмерат едни со други желбите и потребите, вредностите и одговорностите. Политиката е процес на изнаоѓање решенија, кој за цел го има решавањето на проблеми и смирувањето на конфликти. Да не се донесе решение не е можно, но без формирано мислење не можат да се носат решенија.

Растечката комплексност во нашето со голема брзина зголемено модернизирано и променето општество ја преоптоварува  тенденцијално компетенцијата за анализирање и расудување со „просечни граѓани“. Образованието – а не само образованието за демократско граѓанство и образованието за човекови права – игра при совладувањето на овие предизвици и барања, клучна улога и ги оспособува граѓаните да се информираат за решенијата кои ги засегаат и компетентно да учествуваат во соодветните процеси.

3.4.2 Вештини

Учениците мора да стекнат низа од ментални инструменти – вештини и техники – да користат информации и да можат да изградат сопствено и независно мислење. Овие инструменти ги оспособуваат

  • да се здобијат со информации, како врз основа на сопствени искуства, така и преку медиумите. Притоа се работи за техники во поглед на односот со печатените и електронските медиуми, за интервјуа, истражување, критички рефлексии и дискусии итн.;
  • информации за студирање и избирање (конструктивистичко учење). Притоа се работи за техники во поглед на планирање, менаџмент на време, читање, мислење, избирање, придржување;
  • изградување на мислење, презентирање на истото, образложување со аргументирање и комуницирање. Притоа се работи најпосле за техники во поглед на конкретното обликување на документи, плакати, написи, презентации со Пауер Поинт или слични програми за предавања, дискусии, дебати итн. (заедничко конструктивистичко учење и деконструкција);
  • да се рефлектира придобивката од учењето, како и процесите на учење и употреба.

Овие способности се потребни во голема мера, не само во ОДГ/ОЧП, туку и во сите училишни предмети. Тие ги подготвуваат учениците за нивното подоцнежно образование и за квалификувани работни места. Интердисциплинарното увежбување на соодветните формални способности врзани на неспецифични содржини е исто така возможно, како што е и потребно.

3.4.3 Дејствување

Во ОДГ/ОЧП формалното изучување на вештини го поддржува учењето „за“ демократијата и човековите права и воедно ги остварува егземпларно овие процеси. ОДГ/ОЧП го разбира училиштето како микро-општество во кое учениците учат за учеството во општеството и политиката врз основа на практични искуства. Во училиштето ги увежбуваат следните компетенции:

  • тие учат да ги изразуваат нивните желби и потреби, да ги објаснат и да ги следат нивните интереси;
  • избори: тие учествуваат во изборите како избирачи и како кандидати (на пр. кога се работи за претставници на одделението или за други служби);
  • тие ги вежбаат нивните способности во водење на преговори и во поглед на изнаоѓање на решенија;
  • тие искусуваат како преку мерки за сензибилизирање, лобирање и заеднички мерки или акции може да влијаат на процесите на изнаоѓање на решенија;
  • тие развиваат разбирање и прифаќање кон неопходноста од правила и санкции

ОДГ/ОЧП и просторот за дејствување, училиштето како целина, им нудат на учениците важни шанси за учење, бидејќи тие можат ним да им покажат, што тие можат да направат за општеството. При оценувањето на нивните постигнувања и нивниот развој на компетенции, на училиштата им се поставени слободни граници.  Одлучувачкиот трансфер следува надвор од училиштето, во општеството како целина и се протега до нивната зрела возраст. Од оваа причина е тешко, или воопшто не е можно, да се воспостави доверлива релација помеѓу влезните фактори (input) за учење на училиштето и фактичката придобивка од учењето.

3.4.4 Самокомпетенција и социјална компетенција

Кога се работи за димензијата на вредностите и ставовите, поимот компетенции со задоволство се увеличува. Од друга страна се постигнувањата  и начините на однесување на учениците и така доброто однесување може да се разбере како компетенција. Оваа димензија на развивањето на компетенции одговара на учењето „преку“ демократијата и човековите права. Во тоа припаѓаат следните аспекти:

  • самоспознание и самоуважување;
  • емпатија;
  • обострана почит;
  • сознанието дека треба и мора да се прават компромиси;
  • одговорност;
  • признавањето на човековите права како колективни референтни рамки на заедничките вредности за зачувување на мирот, на правдата и на социјалната слога.

3.5 Наставни компетенции во ОДГ/ОЧП

Во ОДГ/ОЧП на наставниците им се потребни специфични компетенции за да можат на учениците да им понудат соодветни шанси за учење.

Методскиот пакет за наставници (види дел 3, наставна тема 1 во актуелнатакнига) во оваа смисла содржи исто така и инструмент кој ги поддржува наставниците при формулирањето на целите во ОДГ/ОЧП ориентирано кон компетенции, кои се слични со наведените цели на почетокот од оаа наставна тема. За останати информации, меѓудругото, види ја публикацијата од Петер Брат How all teachers can support citizenship and human rights education: a framework for the development of competences (Совет на Европа; Стразбур, 2009; под наведениот наслов може да се најде на интернет на англиски и француски јазик на различни места и да се симне од интернет).