Без елементот на критичка расправа и проверка, секој напор за учење ќе остане безначаен и постои опасност да пропадне произволноста и активизмот и да се прокоцкаат личните како и општествените ресурси. Наставникот може и треба да дејствува против тоа, со тоа што
- ќе предвиди и реализира поводи за рефлексија на учењето и работата во наставата;
- ќе разработи и заедно со учениците ќе договори норми и постапки за евалуација на успехот на учениците, ориентирана кон критериуми и критички рефлексии и;
- ќе придонесе за структура на демократска, фер култура на дискутирање и повратна информација.