Вие ја читате Книгата I
Образование за демократија

5. Професионалната етика на наставниците во ОДГ/ОЧП: три принципи

Кога учениците и ученичките ги понесуваат со себе нивните сопствени мислења во ОДГ/ОЧП, но на крајот сите се на исто мислење како наставникот, тоа по правило укажува на проблем. Наставниците во ОДГ/ОЧП мора да внимаваат на тоа, да не им ги наметнуваат на нивните ученици нивните лични ставови и морални вредности. Училиштата се јавни установи, а родителите како и општеството како целина очекуваат наставниците да не ја злоупотребуваат нивната моќ за да манипулираат со децата и да ги индоктринираат.

Затоа професионалната етика на наставниците во ОДГ/ОЧП е решавачка за успехот како и правото на ОДГ/ОЧП во наставниот план. Професионалната етика се сумира под следните три принципи кои произлегоа во 1970 години од една соодветна дебата во Германија:20

20. Види „Beutelsbacher Konsens“ (www.lpb-bw.de).


5.1 Принцип на неиндоктринација

Наставниот персонал не смее да се обидува со било какви средства во смисла на индоктринирање на посакувано мислење на пример во поглед на политичка коректност. Затоа наставникот не смее да ги замолчи или посрамоти учениците или ученичките со надмоќен начин на аргументирање, а напротив треба да го потпомага или поддржува добивањето на самостојно мислење. Секој обид на наставникот да ги индоктринира ученицитене, не е во согласност со ОДГ/ОЧП и претставувањето на целите на полнолетните граѓани,  кои се способни и согласни да учествуваат во едно отворено општество и слободна, плуралистична демократија.

5.1.1 Практични влијанија

Затоа наставникот би требало во наставата по ОДГ/ОЧП по правило само да ги модерира дискусиите, а не да зема активно учество во нив. Доколку учениците експлицитно го прашаат наставникот за неговото мислење, препорачуваме тој да се произјасни. Учениците знаат дека наставниците, исто како и останатите граѓани, имаат сопствено политичко мислење и прашуваат за него. Во оваа ситуација наставникот би требало да им појасни дека сега не зборува повеќе во неговата улога на наставник, туку како приватно лице. Доколку наставникот одбие да заземе став, учениците би можеле всушност да почувствуваат нешто чудно, што баш нивниот наставник по ОДГ/ОЧП се однесува политички неутрално, додека самиот од нив очекува постојано да го изразуваат нивното мислење.

Еден наставник кој се залага за човековите права вистински ќе го боли доколку еден ученик или ученичка застапува мислења со расистички, националистички или фундаменталистички нијанси. Но тој сепак би требало да се воздржи од тоа таквите ученици или ученички да ги нападне или на авторитетен начин да ги замолчи. Наместо тоа треба да се обиде да разбере зошто еден млад човек прифатил таков начин на размислување. Како следен чекор мора да се обиде да го повика засегнатиот ученик/ученичка на дијалог и во најдобар случај да го поттикне на поинакво и потолерантно мислење.


5.2 Принципот на контроверзност

Она што во науката или политиката е контроверзно мора и во наставата по ОДГ/ОЧП да биде контроверзно дискутирано. Овој принцип е тесно поврзан со забраната за индоктринација. Доколку различните ставови „се запоставени“, а алтернативите се потиснати или остануваат необјаснети, тоа е патот кој зачекорува кон индоктринацијата. ОДГ/ОЧП би требало да понуди комплексност и контроверзија и дискусија на противречни мислења.

Во едно плуралистичко општество различните мислења, различните вредности и конкурентните интереси се правило, а не исклучок. Затоа учениците мора да научат како да постапуваат со контроверзните ситуации. Во демократијата дебатите и дискусиите служат за решавање на проблеми и конфликти. Во ангажиран дијалог се постигнува согласност и одредена мерка на консензус и хармонија и се преговара преку компромиси. Наметната хармонија без отворена дискусија упатува напротив на потиснување.

5.2.1 Практични влијанија

Во наставата по ОДГ/ОЧП затоа при контроверзни теми треба секој пат да се заземат најмалку два става на дискусија. Притоа мора безусловно да се погрижиме за балнс (на пр. во однос на должината на засегнатите аргументации).

Во одделенските дискусии наставникот би требало да го поздрави различното мислење на учениците. Доколку една позиција не е застапена од никого или е застапена само од малцинство, може наставникот за атер на аргументацијата да го заземетој став, но притоа тој мора да разјасни дека само презема одредена улога, а не го застапува сопственото мислење. Наставникот треба да внимава на тоа нивото на неговото аргументирање да е соодветно на нивото на учениците.


5.3 Учениците да се стават во положба да ги засапуваат нивните интереси (ориентирање кон учениците)

Учениците мора да бидат во состојба да ја анализираат политичката ситуација и во смисла на нивните сопствени интереси да влијаат на неа. Ова поставување на цел обусловува тие да располагаат со добри операционални и персонални вештини, како и со компетенции кои се однесуваат на настапувањето. Тоа може да се постигне само доколку се почитуваат двата други принципа – неиндоктринација и контроверзност. Принципот на ориентација кон учениците, секако не треба да се разбира како поттикнување на егоизам и недостаток на колективна одговорност. Уште повеќе се работи за тоа наставникот да им покаже на учениците како тие можат да ги следат сопствените интереси без притоа да ги запостават нивните должности и соодговорност и без да ги нарушуваат легитимните интереси и слободи на другите.

5.3.1 Практични влијанија

Училиштето е микро-општество во кое учениците учат партиципација. Тоа се постигнува на различни начини и започнува во наставата, со тоа што се дозволува да се избере тема која што ги интересира, а исто така се дозволува да се дискутира и при планирањето. Во натамошните форми на партиципација се вбројува  и демократското дизајнирање на училиштето (учење „преку“ демократијата и човековите права). На овој начин учениците во рамките на учењето ориентирано кон делување и базирано на проблеми можат да стигнат до независно расудување и изнаоѓање на решенија.