Вие ја читате Книгата I
Образование за демократија

3. Практични инструменти


3.1 Пакетот ОДГ/ОЧП

Во алатките ставени на располагање од Советот на Европа спаѓаат централните основни материјали за различни аспекти во однос на интеграцијата на ОДГ/ОЧП во образовниот систем. Меѓу најважните алатки кои во нивната целокупност се опишани како „пакет ОДГ/ОЧП“ (спореди www.coe.int/edc) се вбројуваат:

  • алатка 1: Политички инструментариум за ОДГ/ОЧП: стратешка поддршка од носителите на решенија;
  • алатка 2: Демократско дизајнирање на училиштето;
  • алатка 3: Како сите наставници можат да го поддржат образованието за демократско граѓанство и човекови права: Референтна рамка за развивањето на компетенции;
  • алатка 4: Обезбедување на квалитет на демократското образование во училиштата;
  • алатка 5: Партнерства помеѓу училиштата, општините и високите школи за одржлива демократија: Демократското образование во Европа и во САД.

Овие инструменти беа развиени од стручњаци од земјите членки на Советот на Европа врз основа на повратните информации и предлози од различни целни групи, како и од координаторите на ОДГ/ОЧП. Покрај пакетот ОДГ/ОЧП веб страната на Советот на Европа (www.coe.int/edc) нуди една цела палета од дополнителен материјал.

Овие практични инструменти за ОДГ/ОЧП на Советот на Европа мора се разбира да се прилагодат на секоја земја што може да се исполни со оправдан трошок.


3.2 Шест книги за ОДГ/ОЧП во училишни проекти, наставни единици, концепти, методи и модели

Во многу земји училиштата имаат потреба од поддршка при реализицијата на ОДГ/ОЧП. Од таа причина Советот на Европа им дозволи на активните наставници да го развијат актуелниот серијал од наставни средства

Educating_democracy_EN.pdf

 

Книгите беа реализирани во партнерство со Центарот за меѓународни проекти во образованието (ИПО) на Педагошката висока школа Цирих (PH Цирих) и издадени од Советот на Европа. Проектот беше кофинансиран од Дирекцијата за развој и соработка DEZA на Швајцарската конфедерација. Актуелниот прирачник Образование за демократија – Основни материјали за наставници е книга од серијалот од шест книги. Илустрацијата која се наоѓа горе дава преглед на шесте книги и нивните целни групи. Прирачниците содржат планови за лекциите за сите училишни степени и го ставаат тежиштето на поттикнувањето на активно политичко учество и партнерство врз основа на партиципаторски и ориентирани кон делување наставни методи какви што одговараат на една демократска училишна заедница.

Единственоста на овој серијал на наставни средства се состои во тоа што таа е резултат на осум европски проекти. Идејата за првата верзија настана во Босна и Херцеговина каде многу наставници и образовни делегати учествуваа во развивањето на текстовите. Авторскиот тим и издаваштвото на крајната верзија на ова наставно средство потекнува од многу Европски земји, а дури и пошироко, а самите прирачници беа тестирани и преработени од широка палета на учесници од различни контексти и со различни основи.Се надеваме дека на овој начин настанататиот пакет добро ќе им служи на наставниците и учениците во цела Европа.