Во алатките ставени на располагање од Советот на Европа спаѓаат централните основни материјали за различни аспекти во однос на интеграцијата на ОДГ/ОЧП во образовниот систем. Меѓу најважните алатки кои во нивната целокупност се опишани како „пакет ОДГ/ОЧП“ (спореди www.coe.int/edc) се вбројуваат:
- алатка 1: Политички инструментариум за ОДГ/ОЧП: стратешка поддршка од носителите на решенија;
- алатка 2: Демократско дизајнирање на училиштето;
- алатка 3: Како сите наставници можат да го поддржат образованието за демократско граѓанство и човекови права: Референтна рамка за развивањето на компетенции;
- алатка 4: Обезбедување на квалитет на демократското образование во училиштата;
- алатка 5: Партнерства помеѓу училиштата, општините и високите школи за одржлива демократија: Демократското образование во Европа и во САД.
Овие инструменти беа развиени од стручњаци од земјите членки на Советот на Европа врз основа на повратните информации и предлози од различни целни групи, како и од координаторите на ОДГ/ОЧП. Покрај пакетот ОДГ/ОЧП веб страната на Советот на Европа (www.coe.int/edc) нуди една цела палета од дополнителен материјал.
Овие практични инструменти за ОДГ/ОЧП на Советот на Европа мора се разбира да се прилагодат на секоја земја што може да се исполни со оправдан трошок.