Вие ја читате Книгата I
Образование за демократија

2. Задача и клучни прашања за условите на поучување и учење

Следните опширни клучни прашања служат за самоконтрола и нудат пристап до различни аспекти на условите на учење. Вклучените работни досиеја се од помош помош при продлабоченото занимавање со поединечните аспекти.

Предлог за работа со долунаведената листа („задача“): Одговорете сами или во мала група некои од овие прашања во врска со актуелна тема во Вашата настава. Анализирајте на крајот што донесе занимавањето со овие прашања од аспект на Вашата конкретна наставна ситуација и наставно планирање.

  •  Кое знаење и кои вештини веќе ги поседуваат учениците?
  • Кое знаење и кои вештини ги поседувам јас?
  • На кои надворешни услови морам да внимавам?
  • Што знам јас за учениците како индивидуи – за нивните основи, интереси, посебни компетенции итн.?
  • Кое знаење и кои информации мора учениците да ги имаат за да можат да ги совладаат поставените задачи?
  • Кои информации, вештини и искуства во врска со новата тема веќе ги стекнале учениците? Што е за нив ново, што е повторување, што е есенцијално (основен материјал), а што е дополнително?
  • Кои работни техники и техники на учење можам да ги очекувам од учениците, со кои искуства со различни методи и форми на поучување веќе располагаат?
  • Кои позитивни или негативни ставови, навики, предрасуди или убедувања можам или морам да ги очекувам?
  • Како можам да ги отстранам потешкотиите во учењето, пречките во учењето и отпорот кон учењето ?
  • Дали посветив доволно внимание на подготвеноста за учење на учениците, на нивната душевна состојба, на нивната приодливост, на нивните когнитивни квалификации, на нивните потреби од учење, очекувања, интереси, активности во слободното време и животни околности?
  • Кои социокултурни услови и влијанија и кои системи за поддршка сѐ од значење за работа во училницата? Која улога ја играат родителите, браќата и сестрите, врсниците или другите важни односни лица?

2 - Работно досие 1: Вклучување на вештините и знаењата на учениците

  • Што јас знам за одделението?
  • Колку е големо одделението, како е тоа структурирано (полова поделба, културен и јазичен состав итн.)
  • Кои особини на одделението треба да ги земам во предвид и како да постапам со нив?
  • На кое посебно знаење/кои посебни компетенции на поединечните ученици можам да се навратам; како можам овие посебни компетенции да ги вклучам во планирањето?
  • Како сакам или морам да го водам одделението (комуникација, социјално однесување, пореметени односи итн.)?
  • Каква е атмосферата во одделението (развојот во групата, друштвата на пријатели, аутсајдери итн.)?
  • На кои конвенции мора да се придржуваат (јазик, должности, ред на седење, правила во општењето еден со друг, ритуали, посебни случувања, церемонии итн.)?

2 - Работно досие 2: Вклучување на моите вештини на предавање и моето знаење

  • Со кои педагошки, дидактички, методски искуства, вештини, силни страни јас располагам; кои се моите слабости во однос на ова? (неколку точки да се извадат)
  • Кои познавања но и празнини во знаењето ги имам
    • од аспект на темата и предвидените содржини,
    • во однос на моите наставни цели,
    • во однос на предвидените наставни методи,
    • во однос на планираниот процес на учење?
  • Во кои области сакам јас самиот нешто да научам (предметно знаење, наставни методи, професионални компетенции, лични квалитети, рутини итн.)?
  • На кои теоретски референтни рамки или на кои поедноставени верзии на една теорија се потпирам во мојата наставна дејност?
  • Како би го опишал/а мојот однос кон моите ученици?
  • Кои се моите лични граници во однос на работното време, преоптоварувањето, стресот итн.?
  • Како го користам мојот личен потенцијал на успехот?
  • Како можам преку подобро планирање да ги редуцирам моето работно оптеретување и преоптоварување како и мојата работа, така и останатите активности?
  • Како го користам мојот временски буџет, каде да заштедам и како се справувам со личните извори на стрес?

2 - Работно досие 3: Земање во предвид на општите услови за предавање и учење

  • Како го земам во предвид расположливото време на настава при моето дневно и годишно планирање?
  • Како е организирана училиницата; како може оптимално да се организира за предвидената наставна тема?
  • Како е опремено училиштето: број на простории и понуда на различни простории, расположливи медиуми, материјали и наставни средства итн.?
  • По кои референтни рамки/кои ресурси/традиции од аспект на училишната култура можам да посегнам (заеднички проекти за различни возрасни групи, тимска работа и тимскии должности, соработка со родителите, службите или специјалистите за деца со специјални потреби)? Што би можело да се поттикне во врска со ова?

2 - Работно досие 4: Кои основни ставови кон учениците ги имам?

Во поглед на тоа кај кои од долу наведените основни ставови, вредности и ставови се чувствувате сигурни (силни страни); во поглед на кои би сакале да ги зголемите Вашите компетенции? Обележете со Х или со + или – и дискутирајте ги точките со некој доверлив од колегиумот или од вашето опкружување!

Обемни карактеристики: Клучни зборови за централните димензии
  • Емпатија, ориентација (реагирање на чувства, мисли, погледи и потреби), благонаклонето прифаќање (личната почит не се надоврзува на ниту еден услов), праведност, стабилност, доверливост
  • Водење во духот на уважувањето на вредности и почитувањето (емоционална ориентација, поттикнување на социјалната интеграција и партиципативна, демократска училишна и наставна култура)
Односи и комуникација во одделението
  • Обострано разбирање
  • Симетрични односи
  • Коедукација без полова дискриминација
  • Средба со други луѓе
  • Пријателство
    → Вербална и нонвербална комуникација
    → Прифаќање на други перспективи и аспекти
    → Рефлектирање на самосогледувањето и согледувањето од страна на другите
Атмосфера која служи за превенција на конфликти
  • Праведна и сочуствителна заедница, заедница на учениците, заедничка одговорност (наставници  и ученици)
  • Соработка, а не натпревар
    → Социјално учење
    → Правила и конвенции
    → Метакомуникација и метаинтеракција
    → Позитивно зајакнување
Воспитни мерки
  • Разговори за решавање на конфликти
  • Разговори на тркалезна маса
  • Игри
  • Соработката како начело исто и за модификација на личното однесување
  • Поддржувачка повратна информација (feedback)
  • Самоодговорност
  • Казнување
  • Справување со мобинг и насилство во одделението или училиштето

2 - Работно досие 5: Размислување за дисциплината и редот од демократски аспект

Тези и начела за рефлексија и дискусија:

  • Редот е неопходен во секоја ситуација. Една група без ред и основни правила не може да биде демократска.
  • Границите се неопходни. Правилата можат да бидат погрешни или несоодветни, сепак сѐ додека не бидат заменети мора да се придржуваме на нив. Можноста да се менуваат правилата треба задолжително да биде предвидена.
  • Децата треба уште од почеток да учествуваат во поставувањето и спроведувањето на правилата. Само така можат да се идентификуваат со овие правила.
  • Без обострана доверба и обострано почитување, една одделенска заедница не може да функционира. Има случаи во кои е тешко да се креира една таква атмосфера.
  • Тимскиот дух мора да го замени конкурентното мислење во одделението.
  • Една пријателска атмосфера во училницата е од централно значење.
  • Социјалните компетенции на наставникот сѐ од одлучувачки придонес (демократски стил на водење, развивање на чувството на припадност кон групата, структура на односите итн.)
  • Комуникацијата во групата е постојана реалност во демократски водените одделенија.
  • Учениците мора да бидат охрабрени да откриваат нови работи и да учат од грешките.
  • Внатре во поставените граници мора да биде возможно да се практикуваат слободи. Самоодговорноста може само на овој начин да се развие.
  • Дисциплината и редот подготвено се прифаќаат и одржуваат, тогаш кога преку нив сите учесници добиваат можност да се изразат и кога дисциплината и редот го поттикнуваат креирањето на задоволителни односи во групата и добри работни услови.

2 - Работно досие 6: Размислување за улогата на наставникот од демократски аспект

Наставникот треба да го води и придружува одделението, тоа е неговата задача. Тој мора да носи решенија и да го сочува целосниот надзор. Она што наставниците сепак би требало да го избегнуваат, е обидот да преземаат контрола над процесите на мислење и личниот развој на нивните ученици. Особено во образованието за демократско граѓанство и човекови права наставникот станува модел на однесување за неговите ученици. Но како како наставник да се справиш со конфликтите? Која концепција за човекот поттикнува конфликти или обратно придонесува за нивно намалување? Следното набројување нуди индикации и импулси за рефлексија во форма на листа со поларни карактеристики, со чија помош наставникот може самиот да се класифицира. Притоа е јасно дека според ситуацијата за учење, дневната форма, составот на групата или специфичната положба на темата може да има смисла наставникот еднаш да се однесува повеќе директивно и авторитативно („автократски“), а друг пат напротив повеќе интегративно и демократски.

Ситуација на учење
Повеќе автократски Јас Повеќе демократски
Наставникот како владетел
Наставникот како иницијатор и модератор на процесите на учење
Остар глас
Пријателски глас
Заповед
Покана, замолување
Моќ
Влијание
Притисок
Предлог
Барање на послушност
Постигнувањена соработка
Наметнување на задачи
Предлагање на идеи
Преовладува критичкиот начин
Преовладува охрабрувачкиот начин
Често казнување
Често поддржување и помагање
„Прави тоа што ти велам!“
„Ајде заедно да разговараме за тоа.“
„Јас одлучувам, а ти слушаш!“
„Јас ќе предложам нешто и ќе ти помогнам да се одлучиш“.
Заедничка одговорност за групата кај наставникот
Заедничка одговорност со групата и за групата

 


2 - Работно досие 7: Да се создаде демократска атмосфера во одделението

Одлуката за демократска организација на одделението е висока цел. Следната табела покажува чекори до нејзиното постигнување во различни временски димензии (од краткорочно до долгорочно). Се ориентира по следините прашања:

  1. Каде се наоѓам јас во однос на кои аспекти?
  2. Кој аспект да го изберам за утре, следната недела, следната година?
  3. Како јас како наставник да се однесувам за моето училиште да профитира од мојот напредок во учењето?
Краткорочни цели Среднорочни цели Долгорочни цели
Наставникот ја редуцира употребата на авторитативни формулирања Наставникот развива навика да се изразува ориентирано кон дијалог Обострано разбирање помеѓу учениците и наставникот
Наставникот дава причини за неговиот избор на теми и наставни средства Наставникот нуди алтернативни теми и наставни средства Лекциите се планираат заедно од страна на учениците и наставникот
Наставникот им ги објаснува на учениците целите на учење Наставникот им претставува на учениците алтернативни цели на учење Целите на учење се избираат заедно од учениците и наставникот
Наставникот го образложува неговиот избор на наставни методи Наставникот претставува алтернативни наставни методи Наставните методи се одредуваат заеднички од учениците и наставникот
Наставникот ги образложува неговите корекции на постигнувањата на учениците Наставникот ја објаснува проблематиката на корегирањето и со одделението разработува критериуми за одредени поводи за оценување Учениците делумно сами ги оценуваат нивните постигнувања
Наставникот воведува демократски правила на игра за решавање на конфликти Наставникот како авторитетно лице при решавањето на конфликти се повлекува назад Решавање на конфликти преку соработка и комуникација
Наставникот ги објаснува начелата на организацијата на работата во одделението Предлозите на учениците се земаат предвид и се применуваат Учениците се вклучуваат во одлучувањето како да се подели работата во одделението

 


2 - Работно досие 8: Како училиштето може да се претвори во демократска заедница

Наставата по ОДГ/ОЧП и патот до демократска атмосфера не можат да се ограничат на училницата, туку мора да се поттикнуваат внатре во училиштето како целина. Клучните фигури во овој поглед се раководителот или раководителката на училиштето.

Во серијалот од наставни средства за наставата по ОДГ/ОЧП од Европскиот Совет содржаната алатка “Democratic governance of schools” од Елизабет Бекман и Бернард Трафорд (http://book.coe.int/ftp/2903.pdf) предлага четири централни работни области и мерки кои се погодни за да ги претворат училиштата во демократски заедници (види исто така наставна тема 5 во дел 2 од оваа книга, работни досиеја 15-18).

Во овие четири клучни области се работи за

  1. Водење/Governance: Училишно раководство, работно раководство и должност за полагање сметка кон јавноста
  2. Образование ориентирано кон вредности
  3. Соработка, комуникација и интеграција: Способност за натпреварување и самоодредување
  4. Дисциплина

Следните прашања служат како импулси за продлабочено да се расправа со поединечни области и по потреба да се дојде до соодветни мерки и решенија.

Ракодење /Управување(Governance): Училишно раководство, работно раководство и должност за полагање сметка кон јавноста

Различни надлежни лица како законодавци, управа, училишни служби, синдикати, ученици и нивните родители како и локалните заедници поставуваат барања кај училишното раководство. Како може училишното раководство да ги совлада сите овие предизвици? Која форма на раководење ќе ја употреби тој или таа во училиштето? Дали раководењето се заснива на  консензус и на доверба или се карактеризира со недоверба и ривалство? Како одговорностите се распределени внатре во училиштето? Како училишниот раководител или училишната раководителка се справуваат со хетерогенитетот во неговите различни фасетки? И како училиштето ја согледува должноста за одговорност кон различните надлежни лица?

Образование ориентирано кон вредности

Како се појавуваат вредностите како демократија, човекови права и почитување на разноликоста во формални и неформални контексти во училиштето? Како се поттикнуваат вредностите и социјалните компетенции како основен предуслов за слободен соживот во модерните глобализирани општества? Како овие вредности се тематизираат во училиштата?

Соработка, комуникација и интеграција: Способност за натпреварување и самоодредување

Училиштето не е изолирано од останатото општество или од реалниот свет. Како училиштето комуницира кон внатре и кон надвор? Како тоа комуницира внатре и надвор? Дали училиштето во однос на неговата комуникација и неговата интеграција повеќе се поистоветува со изолирано претпријатие или со порта кон околното општество? Што во однос на ова стои во начелото на училиштето? Колку училиштето е решено неговите поставени цели во однос на комуникацијата кон надвор и отворањето кон општеството да ги спроведе на дело?

Дисциплина

Во едно училиште работат заедно многу луѓе. Кои сили за одржување на дисциплината и редот во едно демократски раководено училиште треба да бидат применети? Што води до тоа учениците да ги следат пропишаните правила, а што води до тоа да ги одбиваат? Какви санкции се предвидени, кој нив ги дефинира, кој ги спроведува?