Одлуката за демократска организација на одделението е висока цел. Следната табела покажува чекори до нејзиното постигнување во различни временски димензии (од краткорочно до долгорочно). Се ориентира по следините прашања:
- Каде се наоѓам јас во однос на кои аспекти?
- Кој аспект да го изберам за утре, следната недела, следната година?
- Како јас како наставник да се однесувам за моето училиште да профитира од мојот напредок во учењето?
Краткорочни цели | Среднорочни цели | Долгорочни цели |
Наставникот ја редуцира употребата на авторитативни формулирања | Наставникот развива навика да се изразува ориентирано кон дијалог | Обострано разбирање помеѓу учениците и наставникот |
Наставникот дава причини за неговиот избор на теми и наставни средства | Наставникот нуди алтернативни теми и наставни средства | Лекциите се планираат заедно од страна на учениците и наставникот |
Наставникот им ги објаснува на учениците целите на учење | Наставникот им претставува на учениците алтернативни цели на учење | Целите на учење се избираат заедно од учениците и наставникот |
Наставникот го образложува неговиот избор на наставни методи | Наставникот претставува алтернативни наставни методи | Наставните методи се одредуваат заеднички од учениците и наставникот |
Наставникот ги образложува неговите корекции на постигнувањата на учениците | Наставникот ја објаснува проблематиката на корегирањето и со одделението разработува критериуми за одредени поводи за оценување | Учениците делумно сами ги оценуваат нивните постигнувања |
Наставникот воведува демократски правила на игра за решавање на конфликти | Наставникот како авторитетно лице при решавањето на конфликти се повлекува назад | Решавање на конфликти преку соработка и комуникација |
Наставникот ги објаснува начелата на организацијата на работата во одделението | Предлозите на учениците се земаат предвид и се применуваат | Учениците се вклучуваат во одлучувањето како да се подели работата во одделението |
Клучни концепти:
Влада и политика