Вие ја читате Книгата I
Образование за демократија

2. Задачи и клучни прашања за поставување на цели и избор на материјал


2.1 Задача

Формулирањето на наставни цели и цели на учење претставува едно од основните решенија во предавањето. Покрај горе наведените точки важно е наставникот предвидените наставни цели и целите на учење да ги стави во однос со предусловите и условите на учење на учениците и каде што е потребно да направи прилагодувања (види исто и наставна тема 1, услови на учење и поучување).

Кога целите се конкретизирани, мора да се интегрираат содржинските аспекти. Дури откако ќе се појасни до кој степен и која длабочина треба да се разработат и обработат содржините и кои компетенции треба да се стекнат, на крајот можат да се формулираат наставните цели.

Работата на поединечните содржински аспекти на наставата често е тешка и бара многу време. Со тоа поврзаните задачи за планирање може на прв поглед да изгледаат едноставно, бидејќи наставните планови по правило прават јасни норми и многу наставни медиуми содржат детални предлози. Главната задача во секој случај им се препушта на самите наставници: Тие мора добро да ја познаваат целата област на знаење која сакаат да ја предаваат, да ја структурираат, да разработат едно опсежно разбирање за тоа, темелно да го анализираат и критички да оценуваат, понатаму да носат свесни решенија во врска со изборот на теми и цели и соодветни материјали за учење. Како последно, но не помалку важно, мора да ги рефлектираат нивните одлуки под набљудување на поголеми контексти и да ја проверат дидактичка вредност на избраните теми и материјали.

Следните клучни прашања и приклучни прашања за самоконтрола можат на наставниците да им служат како начело и да ги поддржат во покомплексните задачи во однос на изборот и подготовката на наставни теми. Ние предлагаме расправата со клучните прашања и работните досиеја да се започне во тим со другите наставници, евентуално и со учениците.


2.2 Клучни прашања

Прашања за утврдување на целите:

  • Кои цели сакам да ги постигнам?
  • Како го образложувам изборот на овие цели?
  • Кои се најважните компетенции, кои на крајот од наставната тема сакам да ги видам остварени?
  • Каков приоритет им давам на моите цели (прв, втор, евентуално трет приоритет)?
  • Кои цели моментално ми се особено важни – за целокупното одделение, за поединечните ученици?
  • Дали внимавав на тоа избраните цели да се ориентирани на интересите и потребите на моите ученици? Дали лекциите навистина одговараат на она што ги интересира моите ученици и она што го носат со себе како предзнаење?
  • Дали е возможно моите ученици да учествуваат во дефинирањето и изборот на целите на учење?
  • Колку време (лекции и седмици) се предвидени за постигнување на овие цели?
  • Кои цели треба внатре во расположливото време на настава да се постигнат од сите ученици (Минимални цели или минимални стандарди)? Кои би биле проширените цели или стандарди?
  • Дали постојат специфични нивоа на постигнувања и барања кои мора да бидат дефинирани за поединечни ученици или на пр. за две до три групи на нивоа (во смисла на индивидуализација, внатрешна диференцијација и ориентирање на учениците?
  • Дали им овозможив на учениците да го исполнат чекорот од знаење кон делување, можат ли тие стекнатото знаење самоуверено да го употребат?
  • На што се концентрирам во предавањето – на предметната компетенција, на самокомпетенцијата или на социјалната компетенција?
  • Имам ли јасна претстава за краткорочните и долгорочните цели кои се од првенствено значење за моето одделение, за ученичките групи, за поединечните ученици?
  • Дали јасно и експлицитно ги формулирав целите?

Прашања за избор на теми и материјал:

  • Која тема ја избрав?
  • Кои се причините за мојот избор на теми?
  • Која структура ја има мојата тема?
  • Соодветствува ли мојот избор на теми со наставниот план?
  • Дали јас самиот сметам дека темата е интересна; што специјално ме интересира во неа?
  • Кои аспекти од мојата тема можат да бидат посебно интересни за моите ученици?
  • Во колкава мера кај оваа тема постои врска помеѓу учењето внатре во и надвор од училиштето?
  • Постои ли врска помеѓу темата и реалниот свет во кој се движат учениците?
  • Имам ли доволен преглед над целата област на знаење за да можам од неа да изберам специфична тема? Како можам да го подобрам моето знаење? Морам ли да спроведувам истражувања или експерименти пред  да можам да ја обработам темата во одделението?
  • Кој материјал за специфичните аспекти на темата ми стои на располагање?
  • Дали при изборот на материјалите ја користам можноста да се поврзам со новите електронски медиуми (интернет, е-маил, You Tube филмови итн.)?
  • Дали учениците имаат можност нивните лични искуства, компетенции, вештини, заднини и состојба на знаење (деца со поинаква културна или јазична заднина) да ги претстават во наставата?
  • Дали темата ги зема предвид специјалните потреби како на девојчињата така и на момчињата?

2 - Работно досие 1: Компетенции за учење во образованието за демократско граѓанство и човекови права

Трите димензии на компетенциите на доживеано образование за демократско граѓанство и човекови права

Целта на образованието за демократско граѓанство е да ги поттикнува компетенциите во трите димензии, кои се тесно поврзани една со друга и затоа не треба посебно да се обработуваат:

V1_P69_MACED

 

Политички компетенции на анализа и оценување

Овде се работи за поттикнувањето на компетенцијата да се анализираат политичките случувања, проблеми и контроверзни теми и да се образложат личните оценувања. Училиштето во овој процес може да придонесе со тоа што ќе ги поддржува учениците со структурирани анализи да стигнат до продлабочено разбирање на темата.

За да се постигне тоа учениците мора

  • да го сфаќаат значењето на политички решенија за нивниот сопствен живот;
  • да ги сфаќаат и проценат последиците од политичките решенија;
  • да ги сфаќаат и презентираат личните и туѓите ставови;
  • да ги сфаќаат и разбираат трите димензии на поимот политика, имено:
    a. институционалната димензија (Polity)
    b. содржинската димензија (Policy)
    c. димензијата ориентирана кон процесот (Politics)
  • да научат да ги анализираат и оценуваат различните фази на политичките процеси на микро рамниште (на пример во училиштето), на мезо рамниште (на пример во општината) и на макро рамниште (национална и интернационална политика);
  • да ги разложуваат фактите, проблемите и решенијата со посредство на аналитички категории, да ги идентификуваат нивните главни аспекти и да може да ги поврзуваат со основните вредности на човековите права и демократските системи;
  • да можат да ги идентификуваат општествените, економските, еколошките и меѓународните услови, интереси, развивање на дискусии на актуелни, контроверзни теми.
  • да го познаваат претставувањето на политичките теми во медиумите.
Методски компетенции

За учество во различни политички процеси не е потребно само основно познавање на политичките содржини, структури и процеси, туку исто така и редица од пошироки компетенции кои се стекнуваат и користат и во други контексти (комуникациски компетенции, соработка, општење со медиуми, информации, броеви и статистики итн.). Специфичните способности и вештини како оние способности кои се особено важни за учество во политичкиот живот, да се аргументира за или против некоја гледна точка, мора да се практикуваат и поттикнуваат во образованието за демократско граѓанство. Овие вештини треба да се тренираат и испробаат со помош на параметри кои се вообичаени и во политичкиот дискурс (дебати, расправи итн.).

За да го постигнат тоа учениците мора

  • да бидат способни од изобилството на расположливи информации во медиумите на автономен и фокусиран начин да најдат содржини, да ги разработат и да ги презентираат (да соберат, подредат и оценат статистики, карти, дијаграми, графики, карикатури);
  • да ги користат критички медиумите и да можат да развиваат сопствени медиумски производи;
  • да можат да користат емпириски методи во едноставни форми (на пр. планирање на мали анкети или интервјуа, елементарна техника на испитување).
Политички компетенции за одлучување и дејствување

Овде се работи за стекнување на оние компетенции кои се потребни за да може во политички контекст да се настапи самоуверено и адекватно во јавноста.

За да го постигнат тоа учениците мора

  • да можат сопствените политички мислења адекватно и самоуверено да ги изразат и да совладаат различни форми на дијалог;
  • да учествуваат во јавниот живот и да можат политички да делуваат  (да располагаат со говорни комуникациски вештини како објаснување на сопствениот став, да учествуваат во дискусија, да водат или да модерираат дискусија, да познаваат писмени техники на презентација и визуелизација на плакати, ѕидни весници; да располагаат со искуства со протоколите на седница, писма од читатели итн.);
  • да ги познаваат сопствените можности за политичко влијание, да можат да состават тим и заедно да соработуваат;
  • да наложат свои правила, но и да можат да прифатат компромиси;
  • да можат да ги препознаат антидемократските мисли и тенденции и адекватно да реагираатна нив;
  • во интеркултурен контекст да можат адекватно и природно да се однесуваат.

2 - Работно досие 2: Две категории на материјали во образованието за демократско граѓанство (ОДГ) и човекови права (ОЧП)

Предавање и учење без наставен материјал најчесто е невозможна работа, сепак овие материјали често го претставуваат медиумот преку кој материјалот, темите, информациите и останатите содржини се посредуваат. Учениците ги развиваат нивните компетенции врз основа на активностите, тоа значи дека тие притоа со еден предмет или материјал „нешто прават“. Како прво во врска со ова се мисли можеби на учебник или на распределени документи (работни листови, прирачници), кои се разбира се исто така важни и во наставата по ОДГ/ОЧП.

Две категории на материјали во образованието за демократско граѓанство и човекови права

Специфичниот профил на ОДГ/ОЧП се посочува преку широко опфатен концепт во однос на наставните материјали и медиумите. Учебниците и прирачниците се примери за печатени медиуми. Во интерактивен и конструктивистички процес на учење сепак од наставниците е креирана друга категорија на материјали. Овој материјал е автентичен бидејќи потекнува од прва рака и е направен спонтано и во специфична ситуација за и преку односните ученици. Со тоа наставниците во наставата по ОДГ/ОЧП и учениците не се само конзументи туку истовремено се и производители на наставен материјал. Во книгите II до VI од актуелниот серијал наведени се  многубројни примери за оваа категорија на материјали, кои често се изработуваат од самите ученици во рамките на учење базирано на задачи или во проекти. Соодветните упатства го илустрираат овде латентно големиот потенцијал за учење.

Растер на поттикнување на учење и наставни материјали

Следниот растер поврзува неколку типични примери за двете наведени категории на материјали (готови материјали поставени од медиумите и такви кои се изработени во интеракција помеѓу наставникот и учениците) со различни аспекти на развојот на компетенции во образованието за демократско граѓанство. Од наша перспектива не се препорачува на едната категорија да и се даде задолжително предност, уште повеќе би требало да се ориентираме на соодветните цели, факти и неопходности. Прв приоритет во образованието за демократско граѓанство и образованието за човекови права е наставникот озбилно да ги сфати производите на учениците.

Аспекти на развојот на компетенции Материјал посредуван од медиумите Материјал изработен во процесот на учење
Материјал изработен од наставникот/наставничката Материјал изработен од учениците
(Поранешен развој и услови на учениците) (Соодветни медиуми – како детски книги или филмови се разбира дека постојат, но по правило се надвор од областа на согледување на наставникот / наставничката) Документација на предзнаење, поранешни искуства и процеси на социјализација во семејството, со врсниците и / или од веќе стекнатите информации внатре во и надвор од училиштето
Дефинирање на темата, планирање на лекција или тема Брејнсторминг и дискусиски прилози
Информации

Актуелни вести (печатени медиуми, телевизија, ДВД, интернет)

Учебници

Предавање

ставање на располагање на основни материјали (флипчарт-табли, фломастери, хартија во боја)

Прилози на учениците (како демонтирање на пораките посредувани преку медиумите, резимирање, продлабочена домашна работа, аргументи и дискусии и дебати, коментари, прашања)
Анализа и оцена Прашања и контроверзии во политиката и науката (прирачници, учебници, работни листови)

Инструкции за основните концепти

Критика, која мора да се рефлектира и демонтира

Увежбување на вештините Прирачници, работни листови, инструкции за вежбите

Демонстрирање и тренирање,

работни листови, писмено и усно поставени задачи

Повратна информација
Учество и дејствување Водење на разговор

Искуство

прашања, коментари, осознавање, интереси

Оценување и евалвација

Работни листови

прашалници

портфолија

Набљудување

Самооценување,

повратна информација,

информирање за потребите од учење

 


2 - Работно досие 3: Избор и користење на материјали во образованието за демократско граѓанство (ОДГ) и човекови права (ОЧП)

а) Избор на материјал изработен од медиумите

Широко собраниот концепт на материјали за наставата по ОДГ/ОЧП (види горе, работно досие 2) условува како наставниците, така и учениците да учествуваат во изборот на материјали. Од страна на учениците ова по правило се случува во рамките на нивниот конструктивистички процес на учење. Натаму, со текот на времето при изборот на материјали за работа во наставата по ОДГ/ОЧП во прв план се наоѓа улогата на наставникот.

Критериуми при избор на претходно подготвен материјал (печатени и електронски текстови и слики итн.)
  • Доверливост: Дали авторот, изворот, датумот на подготвување јасно можат да се идентификуваат? (Дали текстот, материјалот на податоци итн. потекнуваат од оригиналната верзија?) Дали учениците (од секундарниот степен) можат да верифицираат дали документот е верен на оригиналот или е фалсификуван?
  • Прикладност: Дали материјалот одговара на состојбата на знаење и компетенциите на учениците вклучувајќи ги и нивните искуства со демонтирање на медиумски посредувани пораки? Материјалот не треба да е ниту едноставен, ниту тежок, туку да изискува одреден напор кој ќе ги поттикнува вештините на учениците и ќе го проширува нивното знаење, нивното разбирање и нивното расудување.
  • Релевантност: Дали материјалот соодветствува со интересите на учениците? Се работи ли за тема или прашање кое е важно за учениците? Можат ли тие да ја поврзат содржината со нивните предзнаења и нивните искуства?
  • Принцип на неиндоктринација или плурализам на перспективи: посочува ли материјалот различни перспективи? Дали не постои опасност од индоктринација на учениците – во однос на смерот на мислите, градењето на проценка или интереси (види дел 1, наставна тема 3, поглавје 5.1 – 5.3 во оваа книга (Консензусот на Бојтелсбах).
б) Работа со материјалот подготвен од учениците

Писмен материјал, слики итн.: Овој материјал наставникот може да го погледне пред или после лекцијата и да размисли за натамошната постапка.

Усните прилози напротив го ставаат наставникот пред тешка задача бидејќи овде мора да се реагира спонтано и често да биде импровизирано. Во врска со ова, корисни натамошни задачи на пр. за водење на дискусии во пленум, се наоѓаат во актуелната книга (дел 3, Методи за наставата по образование за демократско граѓанство и човекови права, наставна тема 1, методски пакет за наставникот, метод 3: Водење на одделенски дискусии (дискусија и критичко мислење) во наставата по ОДГ/ОЧП).