- За што моите ученици по планираната наставна наставна тема би требало да бидат во состојба? Што треба да разбрале и да можат на другите да им објаснат?
- Кои критериуми при оценувањето на политичко-предметно прашање треба да можат да ги употребат?
- На кој начин јас можам да го оценам развивањето на нивните компетенции?
- Во колкава мера можат учениците при анализирањето на политичките процеси да се навратат на искуствата од секојдневието и училиштето?
- Како моите ученици го восприемаат политичкото изнаоѓање на решенија?
- Кои актуелни теми ги засегаат моите ученици?
- Кои актуелни теми можат моите ученици да ги разберат?
- Дали овие теми имаат врска со раководството на училиштето или со политиката на локално, регионално, национално или меѓународно рамниште?
- Во колкава мера моите ученици се свесни дека и како една одредена тема ги засега нив и нивните интереси?
- Како можам да ги придвижам моите ученици да земат учество и да се внесат во изборот на теми?
- Кои медиуми и материјали да ги вметнам за да демонстрирам различни мислења на темата?
- Што можат моите ученици самите да придонесат?
- Кои задачи ги поставувам, а кои моите ученици самостојно треба и можат да ги решат?
- Кои основни концепти тие можат да ги употребат кај овие теми?
- Кое мислење го имам самиот јас на оваа тема? На кои критериуми им дадов предност во моето оценување?
- Како јас можам да се погрижам за тоа да не манипулирам со моите ученици да го преземат мојот став?
- На кој начин моите ученици би можеле да станат самостојни и да делуваат самоиницијативно?
Вие ја читате Книгата I
Образование за демократија