Кога едно училиште реши во однос на ОДГ/ОЧП самото да се евалвира, тогаш тоа мора еден подолг временски период да се подготвува, можеби дури и цела школска година. Оваа фаза може да го стави училиштето пред предизвик бидејќи се потребни многу различни чекори и активности.
Следната листа (поттикната од алатката “Сигурност на квалитетот во демократско-политичкото образование” (Совет на Европа: Демократско обликување на училиштата во теорија и пракса, 2008) помага да се потсетиме на најважните директиви:45
- Подигнувањето на свеста кај сите групи на интерес, дека самоевалвацијата во однос на ОДГ/ОЧП е неопходен процес кој постигнува лично, професионално и институционално подобрување;
- Осигурување дека сите групи на интерес се информирани за рамките, целта и смислата на евалвацијата и за планираната постапка;
- Избор на најсоодветниот пристап за самоевалвација со интеграција на широк спектар на групи на интерес и стручњаци;
- Подготвување на валидни и доверливи инструменти за оценување (на пр. прашалници, прашања за интервју) по можност со стручна поддршка од Институт за истражување на образованието или Педагошка висока школа; (факултет)
- Подготвување на училишниот персонал и други групи на интерес за евалвацијата; вовед во употребата на инструментите за оценување;
- Создавање на клима која поттикнува отвореност, искрена рефлексија, доверба, вклучување, отчет, одговорност за резултатите.
|
45. При развивањето на оваа алатка во 2005 (превод на германски: 2008) директивите наведени во табелата се наведени единствено како директиви на ОДГ. Проширувањето на ОДГ/ОЧП е направено за актуелната книга. Линк до германскиот превод: http://www.politischebildung.ch/fileadmin/redaktion/Demokratische_Schulgestaltung_in_Theorie_und_Praxis_2_Aufl_20080306.pdf