Едно училиште може исто така да се измери и во тоа, како и во колкава мера ги имплементира процесите на ОДГ/ОЧП во неговите раководствени задачи. Ова се опишува како „демократско дизајнирање на училиштето“. Во овој контекст се разликуваат два различни по значење видови на процеси:
Дизајнирање т.е. развивање на училиштето | Училиштен менаџмент | |
---|---|---|
Отвореност на училиштето и образовниот систем „Ние обликуваме и водиме предмети или суштества чие однесување не можеме потполно да го предвидиме.“ |
Техничка и инструментална димензија на раководењето “Ние управуваме и менаџираме предмети или суштества чие однесување едноставно може да се предвиди.“ |
|
Ние (преговараме) дејствуваме, исполнуваме убедување, практикуваме притисок, бидејќи она што го регулираме го немаме потполно под контрола. | Ние даваме упатства и наредби, бидејќи сметаме дека имаме легитимно овластување за тоа. |
Училишниот менаџмент ги опишува организаторските аспекти, како и техничката и логистичката димензија на раководење на едно училиште или еден образовен систем. Бидејќи училиштата сепак стануваат сѐ поотворени установи и мора да се фер кон многу различни потреби и интереси, нивото на дизајнирање т.е. на развивање на училиштето добива сѐ поголемо значење (Совет на Европа: Демократско дизајнирање на училиштата во теорија и пракса, 2008, стр.9).
Предностите на демократското дизајнирање на училиштето се надоврзуваат на следните точки: (ibid., стр.11):
- ја подобрува дисциплината;
- ги намалува конфликтите;
- го прави училиштето поконкуретно;
- придонесува за опстојување на одржливата демократија.
46. Индикаторите за евалвација на едно училиште во однос на ОДГ/ОЧП се наведени во работно досие 11.