Резултатите од евалвацијата можат да бидат анализирани, категоризирани и интерпретирани на различни начини. Кога ќе се применат индикаторите за квалитет на ОДГ/ОЧП, препорачани во работното досие 12, една од најефективните и наједноставните методи се состои од тоа како прво да се утврдат силните страни и недостатоците на ОДГ/ОЧП. Советот на Европа за оваа цел предлага една четиристепена скала и секој индикатор го оценува со помош на оваа скала (Совет на Европа: Демократско дизајнирање на училиштата во теорија и пракса, 2008).:
- степен 1 – значителни недостатоци во повеќето или сите области;
- степен 2 – повеќе недостатоци, отколку силни страни;
- степен 3 – повеќе силни страни, отколку недостатоци;
- степен 4 – силни страни во повеќето или во сите области, нема значителни недостатоци.
Резултатите на една таква анализа се претставуваат на пример со дијаграм кој го посочува вкупното постигнување во ОДГ/ОЧП како и листа на различни индикатори. Долунаведениот пример на фиктивно училиште го илустрира овој пристап:
Заклучокот би требало да земе предвид четири основни области:
- постигнувањето на училиштето во однос на ОДГ/ОЧП генерално;
- позицијата на училиштето во однос на секој индикатор на квалитет;
- најуспешните и најслабите аспекти на ОДГ/ОЧП на училиштето;
- критичните точки кои може да го загрозат натамошниот развој на ОДГ/ОЧП во односното училиште.