За процесот на учење на учениците:
- Како ќе се утврди и оцени успехот на учениците?
- На кој начин самооценувањето и туѓото оценување добиваат шанса?
- Како да бидам сигурен дека учениците ги постигнале нивните (евентуално индивидуално поставени) цели?
- Дали процесот на учење го обликував така што учениците во учењето можат редовно да имаат успешни доживувања?
- Дали учениците се свесни за нивниот сопствен напредок? Како јас ги поддржувам во таа свесност?
- Дали мојата настава им ги нуди на девојчињата и на момчињата истите шанси за успех?
- Дали учениците добиле патокази и критериуми кои ги поддржуваат во учењето?
- Дали учениците можат сами да го контролираат, оценуваат и подобруваат нивното однесување кон учењето, нивниот начин на работа и нивните постигнувања? Дали тие го прават тоа? Како јас да ги поддржам во тоа?
- Можат ли учениците да го утврдат односот кон учењето и постигнувањата на нивните соученици преку оценување помеѓу врсниците (пир евалвација)?
- Се повикуваат ли учениците при самооценувањето и на нивните индивидуални цели, норми, критериуми или потреби?
- Го забележувам ли индивидуалниот напредок на учениците; како?
- Како ги утврдувам проблемите во учењето на поединечните ученици?
- Како ја набљудувам социјалната интеракција во одделението?
- Како ги задржувам моите набљудувања и оценувањата на поединечните ученици и одделението како целина; кои форми на документација ги познавам и користам?
За процесот на учење на наставниците:
- Како го рефлектирам и евалвирам квалитетот и успехот на моите напори за предавање?
- Во колкава мера ја поттикнувам компетенцијата на учениците, реално да ги проценуваат нивните постигнувања и самите да се оценуваат?
- Како, кога и со кого ја рефлектирам мојата настава?
- Како дозволувам моите ученици да учествуваат во тоа?
- Како го поврзувам успехот или неуспехот на моите ученици со мојата настава; какви последици извлекувам во поглед на планирањето на мојата идна настава?
- Како го препознавам мојот сопствен напредок во предавањето, како јас учам и како се развивам како наставник?