При оценувањето на учениците треба да се земат во предвид следните основни принципи:
- Оценувањето треба да биде ориентирано кон поттикнување. Вие треба да ги поддржувате учениците, со што им овозможувате индивидуално гледиште, им давате упатства за возможни празнини и го зајакнувате нивното саморазбирање и самоперцепција.
- Оценувањето треба да ја зајакне способноста на учениците самите да се проценуваат.
- Оценувањето мора да биде транспарентно: учениците мора да ги познаваат основите на оценувањето, критериумите на оценување и евентуално останатите нормативи или референтни норми.
- Оценувањето мора да биде адекватно на содржините и целите. Стручното знаење се проверува поинаку од компетенциите и вештините.
- Наставниците мора да бидат свесни за селективната функција и за психолошките импликации на оценувањето. Наместо да се ограничуваат на сумативно оценување (само соопштување на оценки), би требало да се вметнат и разговори и извештаи како делови од постапката ориентирана на поддржување.
- Контролата на учење т.е испитувањето треба да биде така структурирана што ќе го мери – степенот на постигнување на целта – евентуално на различни нивоа. (Испитувањата кажуваат нешто и за квалитетот на наставата т.е. за тоа како овие цели треба да се посредуваат. Според тоа резултатите од испитувањето не даваат само заклучок за постигнувањата на учениците, туку и за оние на наставниците!).
Прашања за самооценување (спореди исто и работни досиеја 7 – 9)
За процесот на учење на учениците:
- Како да бидам сигурен дека учениците ја постигнале целта?
- Како да се погрижам за тоа учениците редовно да имаат доживувања на успех во учењето?
- Дали тие се свесни за новниот сопствен напредок?
- Дали мојата настава и на момчињата, и на девојчињата им ги нуди истите шанси за успех?
- Дали учениците свесно го набљудуваат, контролираат и подобруваат нивниот однос кон учењето и начинот на работа? Како да ги мотивирам во тоа?
- Дали на учениците им посредувам стратегии и техники на учење кои ги поддржуваат во учењето?
- Можат ли учениците сами да го контролираат и оценуваат нивниот однос кон учењето и нивните постигнувања?
- Се повикуваат ли учениците при самооценувањето и на нивните сопствени цели, норми, критериуми или потреби?
- Го приметувам ли индивидуалниот напредок кај поединечните ученици; како?
- Како ги откривам проблемите во учењето кај поединечните ученици?
- Како ја набљудувам социјалната интеракција во одделението и нејзиното влијание на постигнувањата (социјална клима, конкурентно мислење итн.)?
- Како ги задржувам моите набљудувања и оценувања на поединечните ученици и одделението како целина?
За процесот на учење на наставникот:
- Како, кога и со кого ја рефлектирам мојата настава?
- Како дозволувам моите ученици да учествуваат во оваа рефлексија / евалвација?
- Како го поврзувам успехот или неуспехот на моите ученици со мојата настава?
- Како го препознавам мојот сопствен напредок во наставата; како јас како наставник учам?