Во училишното секојдневие самооценувањето на наставникот е најпрагматичниот и наједноставниот метод за евалвација на сопствената настава. По правило оваа самоевалвација е сосема автоматска иако ретко се спроведува систематски. Најчесто наставниците ја рефлектираат нивната работа тогаш кога тие сметаат дека тоа е неопходно или кога училиштето го предвидува тоа, но пред сѐ доколку не се задоволни со резултатот. Овој процес на саморефлексија може да се поддржи и квалитативно да се подобри со чек-листи како долу наведените.36
- Како го стимулирав процесот на учење кај учениците?
- Можам ли да го одржувам интересот на учениците и интензитетот на учење за време на целото време на настава; каде и зошто имаше евентуални прекини?
- Дали учениците ги разбраа поставувањата на задачите?
- Ги препознаа ли учениците централно поставените прашања и поставените проблеми?
- Дали наставната секвенца дозволи препознавање на тежиштето?
- Колку прашања поставив?
- Какви прашања поставив: само „испрашување“ или исто и вистински прашања?
- Беа ли моите прашања и импулси широко и отворено формулирани така што тие водеа до вистински поводи за зборување и бараа повеќе отколку одговор од еден збор?
- Какви прашања поставија учениците?
- Дали поставените прашања т.е. проблеми беа предметно-логички во корелација?
- Кои прилози кои прашања ги предизвикаа?
- Дали јас внимателно ги слушав учениците?
- Дали се придржувавме на договорените правила за разговор?
- Како реагирав на прилозите на учениците, како ги одговорив?
- Кои форми на зајакнување ги употребив?
- Дали е стимулирана интеракцијата помеѓу учениците?
- Колкаво беше моето учество во разговорот?
- Колкаво беше учеството на учениците во разговорот?
- Имаше ли поединечни ученици со особено високо или длабоко учество во разговорот?
- Колку учествуваа девојчињата во споредба со момчињата?
- Кои прилози ги исполнија одредени проблематични ученици?
- Дали јас се концентрирав на одредени ученици?
- Како дојде до конфликтни ситуации?
- Кој тек го доби дискусијата?
- Како конфликтите беа решени?
- Дали интегрирав продлабочени, поставувања на задачи ориентирани кон употреба и трансфер во процесот на учење?
- Кој вид на помош го дадов?
- Како беа претставени резултатите?
- Како беа регистрирани знаењето, спознанијата или резултатите?
36. За приодот со чек-листите од овој вид види Becker, G. E. (1998): Вреднување и оценување на наставата. Weinheim: Beltz.