Доколку сакаш да ги информираш другите за твојата тема, можеш да влезеш во улога на новинар и да напишеш статија во весник, т.е. за ѕиден или одделенски весник или за локалниот печат. Во ОДГ/ОЧП статиите во весник често се применуваат за темите да можат да им бидат пристапни на пошироката јавност. Ова под околности може да придонесе дури и за тоа незадоволувачките социјални состојби да бидат променети.
Една статија во весник би требало да се подели во пет јасно препознатливи делови:
- Наслов: краток и јасен;
- Шпица (Lead): краток вовед во темата со малку кратки реченици;
- Автор: кој ја напиша статијата?
- Континуиран текст: суштинската статија;
- Поднаслов: му помагаат на читателот да препознава поединечни „поглавја“ и да го структурира текстот;
- Слики: една значајна слика која е важна за текстот со легенда на сликата под неа.
Листа за проверка (Чек-листа)
- Земи актуелна статија од добар весник и спореди ја со горните податоци.
- Можеш ли да ги препознаеш различните точки од горната листа?
- Обележи ги овие точки во листата горе и во статијата со различни бои.
- Обрати внимание на различните стилови на фонтови (задебелен, нормален, искосен).
- Спореди ја твојата статија со статиите на другите соученици.
- Употреби го тоа што си го научил со помош на овие статии за твојата сопствена статија.