Упатство
Прочитај ги најпрво прашањата/импулсите. Запиши ги потоа долу или на посебен лист твоите одговори на поединечни или на сите прашања/импулси!
Прашања/импулси
- Кои беа моите први активности на учење кај оваа работа / кај овој проект?
- Кои беа моите следни активности на учење?
- Кога си дозволив пауза?
- Колку долго учев самиот?
- Колку долго учев заедно со друго дете?
- Кога учев во група?
- Можев ли добро да учам во групата?
- Дали при моите активности на учење се придржував на мојот план?
- Можев ли непречено да се сконцентрирам на мојата работа? Бев ли некогаш пренасочен? Морам ли да ја подобрам мојата концентрација?
- Дали можам да утврдам дека можев добро да учам, како го направив тоа?
- Дали се досадував во учењето?
- Дали учев со задовоство, бев ли среќен во учењето?
- Бев ли сигурен во учењето дека тоа го правам точно? (самодоверба во учењето)
- Како развив интерес за темата и радост во учењето?
- Кои стратегии и техники на учење ги применив?
- Учев ли добро? Што направив добро, а што морам да подобрам?
- Што беше тешко за мене? Како ја совладав оваа потешкотија?
- Треба ли побрзо или побавно да работам?
- Постои ли нешто што треба да го променам?
- Како можам да го подобрам моето учење?
- Ќе се обидам при мојата следна задача за учење да го постигнам следното: …