Исто како текстовите, сликите содржат многу информации. Следните насоки ќе ви помогнат да ги интерпретирате и разберете сликите.
Дознајте ги информациите за сликата:
- Кои се најважните бои на сликата?
- Кои се најпрепознатливи линии, форми, начини на сликање?
- Што е поголемо или помало од вообичаено?
- Колку е големо нештото/ човекот во сликата за разлика од вистинскиот живот?
- Кој временски период (минато, сегашност) и кое време од годината и денот се претставени на сликата?
- Од која перспектива го гледате субјектот на сликата: од птичја или од жабја перспектива?
- Што можеш да препознаеш на сликата?
- Каква слика е (фотографија, постер, слика, дрворезба, графика, колаж, портрет, пејзаж, карикатура, и сл.)?
- Што е претерано или нагласено на сликата (темно/светло, пропорции, позадина/преднина, колоритност, движење/мирување, гестови, изрази на лицето)?
Разгледувајте ја сликата:
- Што е најзабележително на сликата?
- Што ти се допаѓа на неа?
- Што е карактеристично за сликата?
- Како се чувствуваш кога ја гледаш сликата?
- Кој е најубавиот дел од сликата?
- Кои зборови ти доаѓаат на памет кога ја гледаш сликата?
Разговарајте за сликата:
- Опишете ја сликата со свои зборови
- Објаснете еден на друг што е значајно, карактеристично или важно за сликата.
- Поставете си прашања за сликата еден на друг.
- Дајте си кратки наредби еден на друг, како на пример барај, најди, покажи, објасни …
- Дискутирајте за прашања како: Зошто се избрани овие слики? Кои слики одговараат на текстот кој припаѓа на сликите? Кои слики се судираат со она шо е напишано во текстот?
Работете со сликата:
- Одберете слика и одглумете ја сцената која е насликана.
- Претставете ја личноста која ја гледате на сликата.
- Променете ги сликите и разговарајте за нив.
- Споредете историски слики со сликите кои ги имате.
- Објаснете што би било тешко да се разбере во текстот ако ги немавте сликите пред вас да ви помогнат.
- Додадете соодветни слики кои ќе одговараат на текстот.
- Споредете ги сликите и дискутирајте. Дали ви се допаѓаат? Ако не, зошто?
- Напишете опис за сликата.
- Размислете што се случило пред да се наслика сликата/ да се фотографира.
- Размислете што би се случило ако оживее сликата.
- Додадете дијалози до сликата.
- Објаснете ги звуците и мирисите кои ви ги побудува сликата кога ја гледате.
- Собирајте слики со слични предмети на нив.
Интерпретирајте ја сликата:
- Кој наслов би и го дале на сликата?
- Каде е насликана/фотографирана сликата?
- Што сакал да каже сликарот/фотографот со сликата?
- Зошто е насликана/фотографирана оваа слика?