Јас сум машко/јас сум женско и она што го сакам и правам е во ред
Цели на учењето | Учениците ги откриваат своите и знаењата и способностите на другите. Стануваат свесни за ефектите од половите стереотипи. |
Задачи на учениците | Учениците ги запишуваат своите карактеристики и однесувањето во четири категории. Ги разменуваат одговорите со своите ученици и ги дискутираат истите. |
Ресурси | Хартија и моливи, копии од материјалите (табела “сакам и не сакам”). |
Методи | Индивидуална и групна работа, пленарна дискусија. |
Опис на часот
Наставникот ја презентира темата со поставување на прашања како што се „Какви активности сакаш да правиш?”, „Какви активности не сакаш да правиш?”, „Какви активности прават девојчињата?” и „Какви активности прават момчињата?” Наставникот ги чека учениците да размислат за своите одговори и потоа ги прашува за тие да одговорат.
Како втор чекор, наставникот им дава на учениците копија од материјалите, моливи и пенкала. Учениците треба да ја свиткаат копијата од материјалот на половина, и да го користат само тој момент. Потоа наставникот им ги дава следните инструкции:
- Напиши дали си момче или девојче.
- Напиши пет работи кои сакаш да ги правиш.
- Напиши пет работи кои не сакаш да ги правиш.
- Напиши пет работи кои не сакаш да ги правиш и кои не ги правиш.
- Напиши пет работи кои не ги правиш, а би сакал да ги правиш.
До секоја активност која ја напиша означи дали е во ред твојот пол тоа да го прави (ако си машко дали е во ред тоа да го прави машко, а ако си женско дали е во ред тоа да го прави женско)
Кога учениците ќе завршат, наставникот им кажува да одат низ училницата и да ги разменат своите одговори со други пет ученици. Нивните одговори треба да ги забележат на долниот дел од страната.
Наставникот им вели на учениците да се соберат и да седнат во круг. Потоа започнува пленарната дискусија, користејќи ги следните прашања како упатства:
- Што мислиш за одговорите на твоите соученици? Дали беше изненаден/а?
- Кои се работите кои само ти можеш да ги правиш?
- Кои од работите што ги прават твоите соученици најмногу ти оставија впечаток?
- Дали има некои исти заеднички идеи во работите кои ученицте сакаат да ги прават, ама не ги прават?
- Што ќе се случи ако женско направи машка работа? Или ако машко направи женска работа?
- Како членовите на твоето семејство би ги одговориле овие прашања?
- Зошто одговараме на начинот на којшто одговараме? Зошто мислиме дека некои работи треба да ги прават само женски, а некои само машки?
Како последен чекор поврзете ги прашањата со концептите на ОДГ/ОЧП:
- Што ќе се случи ако некој не знае за работите кои сакаш да ги правиш и ги правиш?
- Што ќе се случи ако некој не знае за работите што не сакаш да ги правиш, а ги правиш?
- Кој одлучува што можат да прават женските, а што можат да прават машките?
- Што ќе се случи ако работите што можат да ги прават машките и женските се ограничени?
- Дали мислиш дека улогите ќе останат какви што се? Дали секогаш било така?
Дополнително: Часот може да продолжи со фокусирање на прашањето што е тоа што учениците не го прават, а сакаат да го прават. Наставникот се обидува да најде решение заедно со учениците за тоа како овие работи можат да бидат направени во училишен контекст.