Која треба да е позицијата на претседателот на класот?
Цели на учењето | Учениците размислуваат за концептот на одговорност и авторизација преку дискусија за позицијата одговорна личност на класот. |
Задачи на учениците | Учениците дискутираат за одговорностите, компетенциите и позицијата претседател на класот. |
Ресурси | Flipchart, пенкала, работни материјали за учениците, голема слика од суперхерој. |
Методи | Индивидуална работа, групна работа, пленарна дискусија. |
Опис на часот
Учениците добиваат работен материјал со слика на суперхерој. Тие треба да ги пополнат празните дијалози во врска со компетенциите и одговорностите кои треба да ги има претседателот на класот. Ова го прават самостојно 10 минути.
Откако ќе ја завршат својата работа, учениците се групираат во групи од по 4 членови и ги дискутираат нивните работни материјали. Доаѓаат до заклучок за најважните карактеристики, компетенции и одговорности кои треба да ги поседува претседателот на класот. Истите ги запишуваат на ливчиња хартија.
Секоја група ги става своите заклучоци на сликата од суперхеројот која е ставена на таблата или flipchart-от. Наставникот иницира дискусија во врска со следните прашања:
- Која е најважната компетенција која треба да ја има претседателот на класот?
- Кога на претседателот ќе му треба поддршка од целиот клас?
- Дали претседателот на класот треба да биде суперхерој? Зошто?
- Во кои ситуации претседателот на класот треба да се однесува исто како и сите други ученици во класот?
- Кои слабости може да ги има претседателот на класот?
- Во кои услови мислиш дека претседателот на класот треба да се замени со некој друг? Како?
- Кои работи претседателот на класот не може да ги исполни?
Откако дискусијата ќе заврши, учениците добиваат задача да размислуваат/размислат дали тие можат да се замислат во улогата на претседател на класот. Тие треба да размислат за одговорностите и компетенциите кои ги дискутираа и да проценат дали тие се способни да бидат на таа позиција. Наставникот им дава хартија и им вели на учениците да ги напишат нивните имиња ако се заинтересирани за таа позиција.