Која е позицијата на политичарите во една демократија?
Цели на учењето | Учениците разбираат дека една личност може да застапува цела група на луѓе. Тие развиваат разбирање за концептот на делегирање на моќ и одговорност. |
Задачи на учениците | Учениците ги споредуваат своите идеи со шема на политичко застапување во една демократија. Тие дискутираат за нивните погледи за политичарите и ги споредуваат со ставовите кои другите луѓе ги имаат за нив. Спроведуват кратки интервјуа за да го направат тоа. |
Ресурси | Шема на политичко застапување, пенкала, хартија. |
Методи | Индивидуална работа, групна работа, пленарна дискусија. |
Опис на часот
Учениците добиваат шема со политичко претставување (работни материјали за учениците). Наставникот го претставува концептот на делегирање во една држава и објаснува дека како што има претседатели на клас, исто така има претседатели на држава. Тие имаат моќ која им е делегирана.
Наставникот им ја објаснува шемата и го објаснува системот на претставување. Процесот на избирање претставници е различен во различни видови на државни системи (на пример, во директна демократија и индиректна демократија).
Работејќи индивидуално, учениците ги пополнуваат празните места во работниот материјал. Потоа се групираат во парови и дискутираат за она што тие знаат за политичарите и разменуваат мислења за нив. Следните прашања за дискусија би можеле да помогнат:
- Што мислиш за политичарите?
- Кои политичари ги знаеш?
- Што треба да прават политичарите?
- Што не треба да прават политичарите?
- Зошто многу луѓе мислат дека политичарите се лоши?
Потоа учениците добиваат задача да спроведат интервјуа и да ги прашаат другите луѓе што мислат тие за политичарите и нивните компетенции. Ги запишуваат прашањата кои сакаат да им ги постават на луѓето во нивната фамилија, во нивниот круг на пријатели, и во нивната заедница. Наставникот им дава инструкции да направат белешки со одговорите на луѓето. Некои предлог-прашања за интервјуата се:
- Какви компетенции треба да имаат политичарите?
- Зошто мислиш дека луѓето мислат дека политичарите се најчесто лоши?
- Кои карактеристики треба да ги имаат политичарите?
- Кои карактеристики не треба да ги имаат?
Учениците ги спроведуваат своите интервјуа после часот и ги носат одговорите на наредниот час.