Договорете се и одберете еден претставник од вашата група кој гласно ќе го прочита краткиот извадок од дневникот и задачата за вашата група.
Назначете друг член од вашата група кој ќе ги бележи вашите резултати и ќе ги презентира пред одделението.
Извадок од дневникот на Макс:
„Пред нашата училишна зграда, има голем фудбалски терен. Јас бев многу среќен поради тоа, бидејќи мене ми се допаѓа играњето фудбал. Па, ја понесов со себе топката и сакав да почнам со тренирање. Само што започнав да шутирам на голот, кога директорот на училиштето ме запре. Тој беше многу лут и ме праша дали знам да читам. Јас не го видов знакот кој велеше дека теренот се затвора, ако претходно врнело дожд. Јас бев шокиран и си отидов дома без да кажам збор.“
Задачи:
- Соберете листа на епитети за кои мислите дека соучениците на Макс би ги искористиле за неговото опишување („бура на идеи“ во вашата група).
- Што мислите, што би кажал некој соученик на Макс на останатите соученици за него? Извежбајте кратка сцена која ќе можете да ја одглумите пред одделението.