Со изборите и делата во нашиот живот, ние ја создаваме личноста која сме и лицата кои ги носиме. Кенет Патон |
Одлуката е ризик кој е вкоренет во храброста да се биде слободен. Паул Тилих |
Се што сега правиш е нешто што си избрал да го правиш. Некои луѓе не сакаат да веруваат во тоа. Но ако имаш над дваесет и една година, сам си го правиш животот. За да си го смениш животот, мора да си ги смениш приоритетите. Џон К. Максвел |
Јас верувам дека само ние сме одговорни за нашите избори и мора да ги прифатиме последиците од секое дело, збор и мисла во нашиот живот. Елизабет Kubler-Рос |
Ако сакате нешто да биде кажано, обратете се кај маж. Ако сакате нешто да биде направено, обратете се кај жена. Маргарет Тачер |
Слободата, земајќи го зборот во конкретна смисла, се состои во способноста да се избира. Симон Веј |
Најголемите умови се способни за најголемите пороци, но и најголемите доблести. Рене Декарт |
Главното нешто што историјата може да нè научи е дека човечките дејствувања имаат последици и дека некои избори, штом ги направиш не можат да се поништат. Тие ја исклучуваат можноста да се прават други избори, а оттаму ги одредуваат идните настани. Герда Лернер |
Моќта да се избере меѓу добро и лошо е во сечиј дофат. Ориген |
Своето „Јас“ не е нешто веќе готово, туку нешто во постојано формирање преку изборот на дејствување. Џон Дјуи |
Она што жените допрва треба да го научат е дека никој не ти дава моќ. Мораш да ја земеш. Розен Бар |
Кога бирам меѓу две зла, секогаш сакам да го пробам тоа што го немам пробано досега. Меј Вест |
Жените и мачките прават како што сакаат, а мажите и кучињата треба да се опуштат и навикнат на тоа. Роберт А. Хајнлајн |
Мораш да ја вежбаш интуицијата – мораш да му веруваш на гласчето во тебе кое ти кажува точно што да речеш, што да одлучиш. Ингрид Бергман |
Еден брод плови на исток адруг на запад од исти ветрови кои дуваат, не е бурата што бие, туку едрата се тие патот што го покажуваат. Како што морските ветрови се бранови временски дур’ ја пловиме животната тура, за целтасе слуша само нашата душа а ниедно затишје ил’ бура.
Ела Вилер Вилкокс (препев од англиски: Драган Петровски) |