Вие ја читате Книгата IV
Учество во демократија
Материјали за наставници 3А: Четири основни политички погледи
Либералниот поглед: индивидуална слобода на прво место
- Клучни принципи: лична слобода и одговорност.
- Заштита на човековите и граѓански права.
- Слободна трговија и конкурентност како движечка сила за напредокот, модернизацијата и зголемена благосостојба.
- Капитализмот најдобро функционира ако се остави сам на себе.
- Силна држава – но држава која се ограничува со владеење на правото.
- Големата социјална помош ги прави луѓето мрзливи.
- Личниот труд и успех мораат да се исплатат – да нема преголем данок на приходите.
Слоган: „Без ризик, нема слобода“.
Социјал-демократскиот поглед: еднаквоста на прво место
- Клучни принципи: еднаквост, солидарност, социјална сигурност.
- Заштита на послабите, сиромашните, непривилегираните.
- Ако не се контролира, капитализмот ќе ја зголеми социјалната поделба. Нема алтернатива на капитализам, но неговите ефекти треба да се контролираат и исправат по политички пат.
- Ни треба систем на социјална сигурност за грижа на семејствата, инвалидите, болните, старите, невработените и сиромашните.
- Солидарноста значи дека силните ги поддржуваат оние на кои им треба поддршка.
Слоган: „ Обединети стоиме – разединети паѓаме“ (анг. -“United we stand – divided we fall”).
Конзервативниот поглед: сигурноста на прво место
- Клучни принципи: Сигурност и стабилност.
- Силната држава е битна за да се заштити земјата од опасност и закани.
- Силната држава се потпира на модерна и ефикасна економија.
- Треба да се избегнува зголемување на социјалната поделба.
- На семејството му е потребна посебна заштита.
- Граѓаните треба да бараат помош само ако самите не можат да се справат со нивните проблеми.
Слоган: „Силна држава во стабилна економија“
Зелениот поглед: природната средина на прво место
- Клучни принципи: заштита на природната средина, одговорност за идните генерации.
- Нашиот сегашен начин на живот, воден од економскиот раст и искористување на фосилните горива е сериозна закана за нашата иднина.
- Интернационалните договори се потребни за заштита на природната средина на глобално ниво.
- Ние ја носиме одговорноста за идните генерации и целата планета.
- Малите промени во нашиот секојдневен живот можат да направат разлика.
Слоган: „Парите не можеш да ги јадеш“.