Концепти и клучни прашања | Белешки |
0. Тема Што е проблемот? |
Како да го намалиме бројот на сообраќајни незгоди? |
1. Проблем Кој ја прави агендата? Кој е проблемот? Дали сите протагонисти се согласуваат за дефиницијата на проблемот? |
Министер за внатрешни работи: Млади возачи – неискусни, невнимателни. Машки од сите возрасти – премногу алкохол. Клуб на мотористи: повеќе автомобили на патиштата; данокот не се користи за подобрување на патиштата. Енвиронменталисти: Емисиите на CO2 се зголемуваат, се трошат и поскапуваат изворите на навта – поддршка за алтернативите на транспорт. |
2. Дебата Кој е вклучен? Кои се интересите и вредностите на протагонистите? |
Секој се согласува за намалувањето на сообраќајните незгоди. Но има различни цели и интереси во дебатата: Министерот сака да стави притисок на невнимателните возачи. Мотористите сакаат подобри услови за возење. Енвиронменталистите се грижат за глобалното затоплување. |
3. Одлука Кој е резултатот? Дали одредени интереси имаат приоритет – или е компромисна одлука? |
Владата решава да спроведе две измени: Повисоки казни за пребрзо возење, пониски дозволени нивоа на алкохол, повеќе сообраќајна контрола. Автопатите со четири ленти ќе бидат стандардни за пет години. |
4. Имплементација Како се имплементира одлуката? Кој е вклучен или одговорен? Дали има проблеми или конфликти? |
Повеќе сообраќајни контроли, посебно навечер и за викенд. Проширувањето на автопатите е закажано, првите патишта се градат. |
5. Мислења Кои индивидуалци,протагонисти, групи, итн. го поддржуваат или критикуваат резултатот? Кои се нивните вредности, идеологии и интереси? |
Мотористите ја пофалуваат изградбата, ги осудуваат контролите (повеќе казни – повеќе фондови?) Енвиронменталистите се длабоко разочарани. Демонстрации во главниот град. Дискусија: да се основа нова зелена партија? |
6. Реакции Како тие реагираат? (индивидуално, колективно) Кои се нивните начини на практикување моќ и притисок? |
Енвиронменталистите имаат демонстрации во главниот град. Дискусија :да се основа нова зелена партија? Возачите на камиони се жалат за застои на патиштата. Министерот известува дека несреќите се намалиле за 15% за 12 месеци – што значи дека политиката е успешна. |
7. Нов проблем Или завршеток на политиката Дали почнува нова дебата за правење на политичката агенда? Дали е стариот проблем или нов за кој се дискутира? Или дали одлуката довела до решение кое го завршува процесот? |
Министерот: не треба да се прават нови чекори. Го гледаме развојот и ќе дискутираме повторно за 12 месеци. Енвиронменталисти: алармантна состојба на емисијата на стакленички гасови. Жалби од производителите на пиво: продажбите намалени за 10%. Работите се во прашање. Индустријата бара забрзување на градбата на автопати. … |