Секое општество има неколку основни конфликтни констелации, наречени поделби. Лево-десната поделба се случува во сите капиталистички земји со слободен пазар. Поделбата датира од индустриската револуција во 19-тиот век. Другите две поделби се поскорешни Поделбата на природната средина наспроти економскиот раст влезе во агендата во 1970-тите години. Поделбата „силна држава“ наспроти граѓански права се реактивираше во борбата против тероризмот по 11-ти септември 2001. Системот на политички партии ги отсликува овие поделби.Тие претставуваат групни интереси и даваат приоритет на одредени поделби. Секое општество има своја специфична структура на поделби. Колку повеќе поделби има, толку потешко е да се владее со тоа општество. |