Распоред
Временска рамка | Агенда | Материјали и ресурси |
Лекција 1 | Создавање на групи. Секоја група вклучува член од секое рибарско село. |
Материјали 5.1, 5.2. |
Лекција 1 Лекција 2 |
Групите прават предлог рамка на правила. Групите ги подготвуваат презентациите. Членовите на општеството ги усвојуваат правилата за процедурата и гласањето на конференцијата. |
Материјал 5.2, 5.4. Хартиени табли и маркери. |
Лекција 3 | Пленарен состанок: Групите ги претставуваат предлозите. Членовите на заедницата ги споредуваат и оценуваат предлог-правилата. Членовите на заедницата дискутираат за која рамка да ја усвојат. |
Материјал 5.3. |
Лекција 4 | Конференција: Членовите на заедницата прават кратки промотивни говори за моделот кој го одбрале. Тие ја применуваат рамката на правила со гласање на мнозинството.Размислување: Учениците размислуваат за нивното искуство
|
Материјал 5.4. Листови од бела А4 хартија, пенкала, маркери. |
Зошто треба да ја играте играта на одлучување?
Методот кој е применет во распоредот погоре е игра на одлучување. Причината заради која е одбран овој метод е следната.
Играта функционира како модел. Ги прикажува важните аспекти на реалноста и ги покажува јасно бидејќи изостава многу други детали. Сите држави имаат некаков вид на основна рамка, или устав кој ги поставува правилата за донесување одлуки и решавање конфликти. Без ваквата рамка, членовите на заедницата ќе немаат поддршка за решавањето на нивните конфликти и ќе се впуштат во насилство.
Кога учествувате во демократијата, вие ги практикувате правата кои ви ги дал уставот на вашата држава. Најдобриот начин да се разбере како рамката на правила и закони функционира во вашата земја е самите вие да создадете рамка. Оваа игра на одлучување ја дава таа задача.