Ова се алатки, а не список. Сите прашања не одговараат на секој случај, така што треба да одберете кои прашања највеќе одговараат. Размислувањето внимателно на неколку прашања е покорисно од пополнување на целата листа.
1. Соберете информации.
- Кој е вклучен?
- Што тие сакаат? (Кои се ницните права, потреби, цели или интереси?)
- Какви улоги играат луѓето?
- Што е проблемот/дилемата?
- Каква врска има овој случај со мене?
- Што вели законот? (Дали морам да почитувам некои правни обврски или правила?)
- Што не знаеме – што не разбираме?
- Колку голем би бил трудот да се најде информацијата која недостасува?
- …
2. Мислете на последиците.
- Кои се алтернативните избори?
- Каков ефект ќе има секој од овие избори, и за кого? (Други луѓе кои се директно поврзани, други луѓе кои живеат денес или во иднината, тука или на друго место.)
- …
3. Одредете ги вашите приоритети.
Кои критериуми ги сметам за најважни во мојата одлука, на пример:
- До кој степен ги разбирам последиците од мојата одлука?
- Кои морални или религиозни принципи ми се битни?
- Што е легално – што е нелегално?
- Што можам да очекувам да прифатат другите – и обратно? (Дали јас би ја прифатил оваа одлука ако бев на другата страна?)
- Што функционира најдобро? (Решавање на проблемот, финансиски аспекти.)
- Кои се саканите или несаканите долгорочни ефекти?
- Дали мојата одлука е неповратна, или можам да ја исправам подоцна?
- …
4. Направете ја својата одлука.
- Дали морам да одберам една цел а да ја прекршам другата?
- Дали има шанси за наоѓање компромис?
- Со моменталните услови, што ми вели интуицијата? Со која одлука највеќе се идентификувам?
- …