1945 |
По Втората светска војна се обединија многу нации во светот во една заедница и ја основаа ООН т.е. Обединетите Нации. Заедно тие сакаа да ги поддржат мирот и слободата во светот. |
10. декември 1948 |
На овој ден ОН ја донесоа Универзалната декларација за човековите права. Во општото разбирање овие основни права за сите луѓе ги опфаќаат исто така и правата на децата на целиот свет. Наскоро гласовите дека децата биле нешто посебно и затоа им е неопходна посебна заштита станаа гласни. |
1950 |
Направен е првиот нацрт на детските права. Тој повеќе години се дискутираше од претставниците на земјите членки на Обединетите Нации. |
20. ноември 1959 |
На овој ден се донесе Универзалната декларација за човекови права од Обединетите Нации. Таквата декларација всушност не е обврзувачка за сите држави, но важи како препорака на сите држави за идните политички одлучувања и програми. |
1979 |
Оваа година се славеше низ целиот свет како година на детето. Детските права беа насекаде тема и беа дискутирани. Сѐ повеќе луѓе сакаа овие права да се изработат во детаљи во корист на децата и што беше уште позначајно да добијат правно една повисока обврзаност. |
20 .ноември 1989 |
На овој ден Генералното собрание едногласно ја донесе Конвенцијата за правата на детето или како би кажале ние спогодбата за правото на детето. Оттогаш скоро сите нации на светот ја имаат потпишано Конвенцијата за правата на детето. Со тоа сите земји се обврзаа да ги прошируваат информациите за правата на детето, да ги применат тие права и да му се посвети посебно внимание на заштита на децата. И покрај тоа децата на многу места во светот се жртва на голема неправедност. Секој од нас е одговорен и мора да придонесе сите деца од овој свет да ги уживаат овие права. |