Конвенцијата на правата на децата може да се подели на четири групи на права. Ова групирање може да се употреби и во наставата, со тоа што со учениците ќе се направи обид тие да се подредат. Тоа може да биде индивидуално или во групна работа за делумна област.
I. Учество – значи да може да се вклучи во одлучувањето, слободата да се здружува со другите, слободата на изразувањето на личното мислење и слободата да се добиваат информации од повеќе различни извори.
II. Исцрпување на нашиот потенцијал – значи дека мора да бидат дадени извесни услови кои ќе ни овозможат оптимален личен развој. Оваа група на права ги набројува образованието, семејството, културата и идентитетот како важни делови од нашиот живот.
III. Добро да се живее – Правото на преживување ги содржи сите наши основни потреби. Под тоа се подразбира исхрана и заштита, нашиот животен стандард и здравјето.
IV. Да се биде заштитен од штети – значи дека младите луѓе имаат право на заштита од злоупотреба, занемарување, економска експлоатација, мачење, киднапирање и проституција.
Група |
член |
Краток наслов |
I. Учество: Нашето право на партиципација
|
3 |
Благосостојбата на детето е приоритетна |
12 |
Изразување на мислењето на детето |
|
13 |
Слободно изразување на личното мислење |
|
14 |
Слобода на мислење, слобода на совест и вероисповед |
|
15 |
Слобода на здружување |
|
16 |
Заштита на приватниот живот |
|
17 |
Пристап до адекватни информации |
|
II. Исцрпување на нашите потенцијали: Правото да се развива нашата личност
|
5 |
Почит кон правата на родителите |
7 |
Име и државјанство |
|
8 |
Заштита на идентитетот |
|
10 |
Спојување на семејството |
|
21 |
Посвојување |
|
23 |
Хендикепирани деца |
|
28 |
Образование |
|
29 |
Образовни цели |
|
30 |
Деца на малцинства |
III. Добро да се живее: Нашето право на преживување
|
6 |
Преживување и развој на детето |
9 |
Одвојување од родителите |
|
18 |
Одговорност на родителите |
|
24 |
Здравје и медицински услуги |
|
26 |
Социјална безбедност |
|
27 |
Животен стандард |
|
31 |
Одмор, игра и слободно време |
|
IV. Да се биде заштитен од штети: Нашето право на заштита
|
2 |
Забрана на дискриминација |
11 |
Противзаконска депортација и невраќање |
|
19 |
Заштита од злоупотреба |
|
20 |
Млади луѓе без фамилија |
|
22 |
Деца – бегалци |
|
25 |
Проверка на упатувањето |
|
32 |
Детски труд |
|
33 |
Заштита од дроги |
|
34 |
Заштита од сексуална експлоатација |
|
35 |
Заштита од продавање и трговија |
|
36 |
Заштита од останати форми на експлоатација |
|
37 |
Мачење и лишување од слобода |
|
38 |
Војни и вооружени конфликти |
|
39 |
Реинтеграција и ресоцојализација |
|
40 |
Малолетничко правосудство |
Во горната табела недостигаат четири права, кои не можат да бидат подредени во четирите групи, бидејќи тие пред сѐ се фокусираат на задачите на државата. Тоа се:
1 |
Дефиниција за дете |
4 |
Спроведување на правата |
41 |
Повисоки стандарди имаат предност |
42 |
Објавување на правата на децата |