Образовна цел |
Зголемување на себепочитта; индивидуите се мотивираат да ги препознаат и ценат своите позитивни аспекти. Групите ги наоѓаат нивните заеднички цели. |
Белешка за употреба | Оваа вежба им овозможува на учениците многу брзо да станат активно вклучени. Идеална е за новоформирана група на почетокот на обуката. |
Ресурси | Постер со грб за секоја група ученици, пенкала или моливи во боја, слики од списанија, итн. |
Процедура
- Со помош на „игра“ за формирање групи (пр. со делење парови на картички и формирање на групи на жонглери, виолинисти, итн.) класот се дели на три, шест или девет групи во зависност од големината на класот. Не треба да има повеќе од 5 ученици во секоја група. Секоја група е или А, Б, или В.
- Учениците работат во групи по четири. Секој ученик добива скица на грб,која е поделена на четири дела и оздола има ролна. Деловите можеби се веќе исечени од друга копија и можат да се залепат на главниот грб на крајот.
- Задача:
Индивидуална подготовка:- Забележете ги одговорите на следните прашања:
– Како се перцепирате себеси?
– Кои се вашите потреби?
– Што можете да правите/работите?
– За што зажалувате кога ќе помислите на вашиот живот? - нацртајте (или одберете) симбол или симболи кои ги претставуваат вашите белешки (бои, хартија во боја, слики од списание, итн.).
Работа во групи:
- објаснете го/ги симболот/те на членовите од вашата група
- залепете ги сите делови на вашиот грб
- најдете заеднички симбол за вашата група (центар), мото за вашите идеи (горно знаме) и име на вашата група (долно знаме).
- Забележете ги одговорите на следните прашања:
- Завршените грбови се презентираат од членови на групата на пленарната сесија и се прикачуваат на ѕидот.