Образовни цели | Целта на оваа вежба е да се претстави глобална перспектива на нашето заедничко потекло и заеднички дом како вовед во образованието за човекови права. Сите луѓе го делат истото потекло, истата земја и ги имаат истите права без разлика каде живеат или во која ситуација се. Оваа вежба ги визуализира големите цифри за да се поразбирливи за деца. |
Забелешка за методот | Оваа вежба се издвојува, бидејќи дава модел на предавање од наставникот, наместо работа во групи. |
Ресурси | Две ленти, една 4,8 а друга 6,7 метри, пожелно е и карта на светот или глобус. |
Процедура
- Наставникот им ја покажува лентата со должина од 4.8 метри на учениците и им вели да погодат колку е долга. Кога учениците ќе се согласат дека е 4.8 метри, тој/таа ги прашува колку е тоа во милиметри.
- 4800 милиметри може да ја симболизира историјата на нашата планета, бидејќи се претпоставува дека е стара 4800 милиони години.
- Наставникот се враќа на создавањето на планетата и оди низ главните настани во историјата на планетата, а 1 милиметар е 1 милион години. Колку долго се луѓето на оваа планета? Тој/таа им ги покажува последните 2 милиметри и ги споредува со остатокот од лентата. Можеби луѓето не се толку битни? Можеби треба да сме многу внимателни и да се грижиме за планетата на која живееме?
- Наставникот им кажува на учениците малку за историјата на човекот. Колку што знаеме, луѓето потекнуваат од Африка. На почетокот, сите сме биле Африканци! Тогаш луѓето мигрирале од Африка и наскоро ја населиле целата планета. Денес живееме во многу земји и различни групи, имаме различни јазици и религии, но најпрво сите сме биле исти.
- Наставникот им ја покажува втората лента на учениците. Колку е долга? Денес сме 6.7 милијарди луѓе на земјата.4 Значи 1 милиметар одговара на 1 милион луѓе. Тој/таа ја покажува големината на некои од поголемите земји во светот на лентата. Која е големината на нашата земја? Некои луѓе го делат светот на „наши“ и „странци“. Лентата ни покажува дека поголемиот дел од луѓето се „странци“! Но сите ние ја делиме оваа планета како наш дом и мораме да научиме заедно да живееме на неа. Земјите во светот, преку организацијата Обединети нации одлучија дека иако сме различни и живееме на различни места, сите ги имаме истите права.
Продолжение
Од овој вовед наставникот може да продолжи да дискутира за прашања за животната средина, општо за човековите права, предрасудите и стереотипите (видете ја главата „Поглед кон другите“), географски прашања и меѓународни односи.
4. Наставникот треба да ја обнови оваа бројка ако е потребно и да ја адаптира должината на лентата; во моментот кога се печатеше оваа книга (2008) 6.7 милијарди беше точната бројка.