Вие ја читате Книгата VI
Предавање демократија
Вежба 3.6. – Ковчегот со богатство
Образовни цели |
Оваа вежба е за деца под шест години. Тие сфаќаат дека децата имаат права, сфаќаат дека таквите права постојат и важно е да се почитуваат. |
Ресурси |
Ковчегот со богатство е многу убава кутија која учениците ја украсиле и наполниле самите (со текстови од весници, пиктограми од УНИЦЕФ кои ги прикажуваат детските права, кукли и други предмети). |
Процедура
- На почетокот, кутијата содржи:
- Два пиктограми кои ги претставуваат правата на еднаквост и правото на помош кон луѓето со посебни физички или психички потреби;
- две кукли кои ги претставуваат децата од Гватемала.
- Со собирањето на предмети кои ги претставуваат правата на децата и ставањето во ковчегот, учениците ја сфаќаат важноста на овие права. Проектот со кутијата треба да се продолжи до крајот на основното образование.
- Покрај големиот ковчег со богатство, секој ученик има свој мал ковчег со богатство.