Образовни цели | Учениците ја искусуваат различноста и разбираат дека различноста е вкоренета во социјалните структури. Искуството со различноста е најбитно во адолесценцијата. Младите луѓе сакаат да привлечат внимание, да се признаени од возрасните и почитувани од другите луѓе. Важен аспект во формирањето на идентитет во адолесценцијата е одвоеноста од возрасните, посебно родителите. Учениците разбираат дека има толку многу биолошки разлики што никој не може да ги идентификува сите. На пример, невозможно е да се рече дека еден вид на интелигенција е супериорен во однос на друг. Разликите меѓу луѓето кои се битни се вкоренети во општеството – на пример со вредностите, социјалниот статус или социјалните промени. Во класовите во кои има ученици што припаѓаат на малцинства, добра можност е за овие ученици да ги покажат разликите на недискриминирачки начин. |
Ресурси | Голем лист хартија. |
Процедура
- Наставникот набројува колку што е можно повеќе разлики меѓу луѓето на голем лист хартија.
- Класот се дели на четири групи. Секој тим набројува одреден тип на разлика:
- физиолошки разлики
- психолошки разлики
- социјални разлики
- културолошки разлики.
- Испитување: учениците размислуваат за разликите меѓу луѓето:
- „Сфаќам дека знам за…
- …но научив дека…
- Моето најголемо изненадување беше…“
Продолжение
Наставникот објаснува зошто човечките суштества се и слични и различни.
Учениците пишуваат замислени две ситуации во кои тешко е да се воочат разликите. Ова може да се дискутира со целиот клас.