Образовни цели | Учениците ги идентификуваат и анализираат причините и мотивите за дискриминирање на другите. Оваа вежба се концентрира на тоа како социо-економските фактори влијаат на шансите за социјален успех. |
Ресурси | Големи и дебели листови на хартија и маркери. |
Процедура
- Наставникот ги дели учениците на групи со не повеќе од шест ученика. Групите мора да се направени од парен број на ученици. Секоја група добива лист хартија и маркер.
- Тој/таа им вели на половина од групите да нацртаат карикатура на социјален победник, другата половина на социјален губитник.
- Тој/таа им вели на групите да ги набројат карактеристиките на нивниот модел: социо-економско ниво, професија, пол, етничка група, слободни активности, избор на облекување, основни гледишта, начин на живот, тип на дом, потрошувачки навики.
- Наставникот им вели на групите да ги разменат нивните цртежи и да ги толкуваат.
- Цртежите се закачуваат на ѕидот. Секоја група треба да го толкува цртежот кој го добила пред целиот клас.
- „Уметниците“ коментираат за нивните намери. Со размена на идеите зад цртежите и ефектот на цртежите врз гледачот, се очекува учениците да ги допрат следните прашања:
- Кои се главните карактеристики на успехот?
- Кои се главните карактеристики на неуспехот?
- Кои се факторите кои прават разлика меѓу „победници“ и „губитници“?
- Дали луѓето кои се претставени се од одредени групи?
- Дали сите луѓе имаат исти можности за успех, без разлика на нивното социјално потекло?
Продолжение
Кои се причините за дискриминација и исклучување на луѓето кои се поинакви поради нивната култура, потекло, сексуално однесување, јазик, итн?
Кои се причините за нееднаквоста меѓу луѓето? Дали еднаквоста е возможна и пожелна, или не?