Образовни цели | На учениците им се претставува темата за дискриминација. |
Ресурси | Различен број на налепници во боја и една бела налепница. |
Процедура
Учениците работат во парови.
- Наставникот прикачува налепница на челото на секој ученик. Учениците не смеат да знаат која боја ја имаат. Затоа тие треба да ги затворат очите кога ќе ги добиваат налепниците.
- Учениците ги отвораат очите. Секој ученик треба да ги најде членовите на неговата група, а тие се формираат со боите.
- Пленарна рунда и размислување. Се предложуваат прашања и информации како следните:
- Како се чувствувавте кога ја сретнавте првата личност со иста налепница како вашата?
- Како се чувствуваше личноста со едната бела налепница?
- Дали се обидовте да си помогнете во вашата група?
- Како може да се интегрира личноста со белата налепница?
- Вежбата може да служи како воведување на учениците во односите меѓу малцинските и мнозинските групи во општеството:
- Кои се исклучоците, исклучените во општеството?
- Дали тоа да се биде исклучок или маргинален може да биде личен избор?
Продолжение
Оваа вежба може да се продолжи со тоа што една група ќе добие предности. Можно е учениците да се повеќе вклучени, но овој аранжман може исто така да создаде стрес и непријателство. Наставникот треба добро да го познава класот и да биде подготвен соодветно да реагира.