Образовни цели |
Учениците можат да разграничат меѓу концептите на моќ и нивните последици врз демократијата и човековите права.
Учениците го усовршуваат активното слушање (учење преку човекови права). |
Ресурси |
Материјали за ученици: „Искази за моќта и владеењето“ |
Процедура
- Учениците прават парови. Тие ги разгледуваат исказите и одлучуваат со кои искази се согласуваат.
- Тие прават забелешки за причините зошто поддржуваат одреден исказ.
- Паровите ги претставуваат резултатите на часот.
- Учениците ги идентификуваат индиректните школи на политичка мисла (вежба на трансфер); наставникот ги користи откритијата и дискусијата на часот за да им ги претстави (избраните) пристапи на политичка мисла (индуктивен пристап, кој дава да се користат различни методи – предавање од наставникот и можеби учениците, проучување на извадоци).
Продолжение
Учениците размислуваат за нивните индивидуални вредносни системи.
Учениците ги поврзуваат политичките идеи и политиките на партиите и лидерите во нивната земја.
Материјали
Материјал за ученици
Искази за моќта и владеењето
- Во една власт, улогата на лидерот е најважна и незаменлива.
- Моќта отуѓува и мора да се елиминира за секоја личност да го реализира својот целосен потенцијал.
- Нацијата има само еден опасен непријател: нејзината влада.
- Политичката моќ треба да се практикува од луѓето избрани од граѓаните.
- Политичките партии се штетни за моќта на државата бидејќи ги делат луѓето и создаваат залудна конфронтација.
- Државата не е едноставна колекција на индивидуи; таа е реалност која е повисока и побитна од збирот на индивидуи.
- Сите форми на моќ имаат тенденција да станат тоталитарни.
- Државата не постои сама за себе туку е средство кое е потребно за реализацијата на индивидуалните аспирации.
- Државата е една огромна гробница во која сите изразувања на индивидуален живот завршуваат.
- Штрајковите се предизвик за власта, па затоа тие треба да се забранат.
- Индивидуите постојат само за државата и се ништо надвор од неа.
- Младите луѓе треба да учествуваат во одлуките кои ги засегаат нив.
- Единствено кога државата нема да постои ќе можеме да зборуваме за слобода.
- Наставникот треба да ги земе предвид легитимните тврдења на неговите ученици.
- Човечките суштества имаат природна тенденција да прават добро; секогаш треба да имаме доверба во нив.
- Учеството на сите индивидуи во владеењето треба да биде основен принцип во организацијата на сите човечки заедници.
- Политичките партии овозможуваат желбите на граѓаните да влијаат на одлуките на владата.
- Ако се остават без никаква контрола, човечките суштества ќе се убијат едни со други.
- Политичката моќ не треба да е на милоста на јавното мислење.
- Човечките суштества имаат права кои моќта треба да ги почитува и промовира.
|
6. Адаптирано од Клод Парис, Ethique et Politique, изданија C.G., Квебек, 1985