Образовни цели | Учениците се мотивирани да создаваат значенски визии. Личноста без утописки визии е ограничена на прифаќање на статусот кво. Учениците добиваат шанса да ги искористат талентите (креативност). |
Ресурси | Хартија и маркер. |
Процедура
- На учениците им се вели да замислат себеси како магионичари.
- Тие читаат:
„Кога би бил/а голем магионичар, би направил/а мажите, жените и децата никогаш повеќе да не видат штое е војна, а за ова да се случи…“
Секој ученик ги завршува следните реченици:- Јас би го сопрел/а…
- Јас би го/ја затворил/а…
- Јас би заборавил/а на…
- Јас би се спротиставил/а на…
- Јас би продолжил/а да…
- Јас би создал/а…
- Секој ученик ги чита одговорите во пленарна сесија. Се предложува да се наместат столчињата во круг.
- Евалуација: учениците истакнуваат и дискутираат кои желби и потреби ги откриле.
Продолжение
Учениците се справуваат со прашањето дали нешто може да се направи за да им се остварат желбите.
Варијација
За постари ученици:
„Кога би бил/а архитект…“: учениците замислуваат како би можело да изгледа нивното училиште или град во кој живеат.
Учениците можат да размислуваат за нивните желби и да ги поврзат со основните традиции на политичка мисла (либерална, конзервативна, социјалистичка, пријатели на земјата).