Образовни цели | Учениците можат да ги дефинираат и оценат елементите на демократијата и диктаторството. Учениците прават намерен избор на вредности и дискутираат за нив. |
Ресурси | Постери и маркери или табла и креда. |
Процедура
- Учениците имаат задача да ги дефинираат карактеристиките на диктаторството.
Листата може да содржи точки како што се следните:
– антисемитизам | – улогата на жените како размножувачи |
– етничко чистење | – репресија на сексуалните малцинства |
– мачење | – потчинување на авторитетот |
– условување | – притисок за конформирање од средината |
– култот кон моќта, индивидуата или војската | – потребата да се биде воден |
– гледање на критицизмот како деструктивен | – отфрлање на малцинствата |
- Осврнувајќи се на листата, учениците се обидуваат да го одговорат прашањето, „До кој степен ме засега оваа ситуација?“
- Учениците имаат задача да ги сместат овие ставки на скала, почнувајќи од ставката за која имаат најголеми чувства.
Продолжение и варијација
Карактеристиките на диктатурата можат да се поврзат со примери од вести, филмови или записи.
Може да се направи истата вежба за демократијата.