Образовни цели | Учениците разбираат дека владата влијае на нашите животи во скоро секој возможен аспект (tua res agitur). Светот во кој живееме е направен од човекот и од нас зависи што ќе правиме со него. Намерното политичко одлучување е потребно поради нашата зголемена зависност едни од други, од локално на глобално ниво. Демократијата најдобро може да ги земе во предвид конкурентните интереси и да ги интегрира во задоволителен компромис – под услов сите групи да бидат слушнати. |
Ресурси | Не треба. |
Процедура
- Учениците треба да сфатат до кој степен нивните животи зависат од владата. Следните прашања би можеле да им помогнат; тие може да се одговорат на часот или во мали групи кои би ги презентирале резултатите во пленарна сесија.
-
- Раскажете некој ваш скорашен ден – каде бевте, што носевте, видовте, јадевте, рековте, научивте и направивте. Наброете дали владата влијаела на некоја од работите кои ги споменавте, влучувајќи ја националната, регионалната и/или локалната власт.
- Земете во предвид дека вашата влада е демократија во која сите граѓани имаат еднакви можности да учестуваат без да се прекршат нивните човекови права. Кои работи од тие што ги наброивте, а врз нив влијаела владата, мислите дека треба да се променат? Објаснете зошто мислите така.
- Учениците веројатно ќе го постават прашањето – како луѓето можат да учествуваат во демократска власт. Наставникот треба да даде некои информации, дали преку предавање или со прирачници и работни листови.
Резултатот би бил следниот: многу луѓе веруваат дека најголемата можност да се учествува во власта се нуди во слободна и отворена демократија. Овој тип на владеење значи дека самите луѓе имаат моќ и владеат, обично преку владеење на мнозинството. Некои земји се демократии само во форма, а луѓето не можат навистина да учествуваат. Во еден демократски систем, граѓаните можат да бираат различни начини на учество, а некои можеби ќе изберат воопшто да не учествуваат.
Демократијата најдобро може да ги земе различните и конкурентни интереси во предвид и да бара решенија – под услов сите страни да ги искажале своите гледишта. Мора да се обрне посебно внимание на послабите групи, кои не се во позиција да прават притисок и чии интереси обично се занемаруваат (проблемот со ексклузија).