Вие ја читате Книгата I
Образование за демократија

7. Методот ја посредува пораката: учење ориентирано кон дејствување во образованието за демократско граѓанство и човекови права


7.1 Недостатоци кај вообичаените политички науки

Во традиционалната, кон содржина ориентирана настава по политички науки тежиштето лежи во посредувањето на факти и информации за институционалните рамки на дадената земја. Овие содржини беа повеќе или помалку безвременски и дозволуваа систематско учење и проверување. Од аспект на учениците скоро да немаше разлика помеѓу учењето на факти за парламентот напамет и интензивното учење напамет на имиња на различни слатководни риби: и двете се учеа за испит и следниот ден материјалот беше веќе повторно заборавен. Еден таков наставен метод не придонесува многу за образувањето на полнолетните граѓани во демократски општества базирани на човековите права.


7.2 Наставата „низ“ и „за“ демократијата и човековите права го условува активното учење

Во ОДГ/ОЧП знаењето за политичкиот систем на една земја има цел – ги оспособува учениците за политичко учество (обучува за демократијата и човековите права). Политичкото учество бара сепак вежби и искуство. Затоа мора во ОДГ/ОЧП методот да ја посредува пораката. Наставата за демократија и човекови права мора да ги земе предвид видот и начинот на кој учениците учат – таа мора да се ориентира на принципот „учење преку демократија и човекови права“. На учениците им е потребно опкружување за учење, кое што поддржува интерактивно, конструктивистичко учење и тренирање на компетенциите. Накратко, учениците мора да бидат активни и да комуницираат – а наставниот персонал за да ја постигне оваа цел мора ним да им овозможи да делуваат и комуницираат.


7.3 Задачи – дидактичкиот инструмент за учење ориентирано кон дејство

Од гледна точка на наставникот, најважниот инструмент за поддршка на активните процеси на учење се внимателно конципираните, предизвикувачки поставените задачи. При концепцијата или адаптацијата на задачите наставникот ги зема во предвид сите важни аспекти на предавањето и на учењето: структурата на содржините и целите на учење, почетното ниво на учениците во врска со постигнувањето, разбирањето и вештините, шансите за учење, можните медиуми и работната клима во одделението.

Наставата за едукација за демократското граѓанство/човековите права се заснива во основа на учењето ориентирано кон делување. Книгите II-VI од  дадената серија нудат за таа цел многу примери и описи, кои во секоја серија се интегрирани во секвенци од по четири лекции, што дозволува реално планирање. Учењето ориентирано кон делување се дели на три основни категории: Симулација на реалноста, истражување на реалноста и производство. Следната табела ги илустрира овие категории преку примери.

Учење ориентирано кон делување
Симулација на реалноста Истражување и делување во реални ситуации Производство
Игра на улоги
Игри на одлучување
Игри со статуетки
Конференции
Ток шоу
Дебати
Сослушувања
Трибунали
Интервју со експерт
Интервју на улица
Анкетирање и истражување
Пракса
Хоспитација
Иследување на случај
Учество во обликувањето на училиштето
Учество во планирањето на лекциите
Презентација
Прирачник
Постер
Флаер
Ѕиден весник
Видео или музички клип
Веб страна
Презентација
Репортажа: вести на неделата
Изложби
Фотографии
Увежбување на вештините

 


7.4 Учењето ориентирано кон делување е учење ориентирано на проблемот

Искуството покажува дека учениците многу ја ценат слободата во околината на учење ориентирана на дејство и на проблемот. Во предусловите за тоа се вбројува сигурно, наставникот да им довери ефикасно користење на времето. Учениците само тогаш ќе научат да преземаат одговорност, кога ќе им се даде соодветен слободен простор. Опасноста од неуспех е се разбира секогаш присутна, но оној кој не се осмелува, не може ниту да напредува. Покрај тоа учениците под околности постигнуваат резултати кои навистина не одговараат на очекувањата на наставникот, но тој би можел да даде поучни упатства за нивото на компетенции и за идната потреба за учење. Процесот на учење е исто толку важен, како и резултатот од учењето.

Кај учењето ориентирано кон делување учениците се поставуваат пред проблеми кои не се само од содржински вид, туку се однесуваат и на организацијата на работата. Тие мора да ги препознаат овие проблеми и самите да изнајдат решение. Благодарение на ориентирањето кон проблемот секоја форма на учење ориентирано кон делување има голем потенцијал за практикување на вештини како менаџмент на времето, планирање на работата, соработка во тимови, набавка на материјали и избор на информации, набавување и употреба на алати итн. Учењето ориентирано кон делување е до таа мера особено флексибилно, што учениците можат да ја прилагодат задачата на нивните способности.


7.5 Улогата на наставникот во наставните секвенци ориентирани кон делување

Учењето ориентирано кон делување во училиштето посочува многу животнорелевантни паралели кон учењето надвор од училиштето и учењето после завршувањето на училиштето во зрела возраст, во кое ние исто така мора да бидеме способни да се снајдеме без наставник или тренер. Наставникот затоа би требало да внимава на тоа, да не ги уништи соодветните потенцијали за учење со тоа што прерано или пресилно ќе интервенира. Наместо традиционалната улога на предавач и проверувач, наставникот треба повеќе да се смета себе си како тренер. Во ова променето разбирање на улогите меѓу другото спаѓаат и следните карактеристики:

  • Наставникот набљудува како ученикот се справува со односните проблеми и не попушта веднаш на барањето за помош и решение. По потреба може да дава упатства и малку да ја олесни задачата, сепак учениците треба до одреден степен да бидат предизвикани – исто како што е тоа и во реалниот живот.
  • Доколку наставникот ги набљудува учениците во работењето, тој има две перспективи на оценување во главата: процесот на учење и резултатот.25 При ова набљудување исто така се покажува каде уште постои потреба од учење. Додека учениците работат, наставникот веќе го креира грубото планирање на натамошните наставни секвенци на ОДГ/ОЧП.
  • Наставникот може исто така да се понуди и како извор на информации, кој ќе може да се „користи“ на барање и на пример на една група при едно итно прашање ќе ѝ даде информација. Притоа улогите можат наполно да бидат заменети во смисла што учениците ќе одлучуваат кога и на која тема посакуваат инпут од наставникот.

23. Види и дел 2, наставна тема 5, работно досие 3 во оваа книга: перспективи и форми на оценување


7.6 Активното учење бара дополнителна обработка

Учењето ориентирано кон делување бара рефлексија и под околности исто и моментално поднесување на извештај за завршување на задачата и обработка – на пример тогаш кога учениците после една игра на улоги покажуваат силни чувства (радост, разочарување или иритација).

Еден пример: во една одделенска дискусија водена од наставник, учениците си ги разменуваат после една секвенца на учење ориентирано кон делување нивните замисли и ја рефлектираат нивната работа. Што учевме ние? Како учевме ние? Зошто учевме? Без една таква рефлексија учењето ориентирано кон делување е исто самонаменско, само за да се извежба една вежба. Рефлектирачката дополнителна обработка од конструктивистички аспект на учењето е времето и приликата за апстрактна и систематска анализа и (само)оценување. Притоа наставникот може во оваа фаза да внесе драгоцено знаење – концепти, дополнителни информации – , тоа е од релевантност во однос на активноста на учење ориентирано кон делување.