При проценувањето и оценувањето на учениците може да се разликува помеѓу три референтни норми:
- индувидуална норма или норма ориентирана кон индивидуата која го споредува моменталното со поранешното постигнување на ученикот.
- ориентирана кон целта на учење („објективна“) норма: Постигнувањето на ученикот се споредува со однапред дефинирани цели на постигнување.
- норма ориентирана кон групата (социјална норма): постигнувањето на ученикот се споредува со постигнувањата на останатите ученици во истото одделение или со категорија на иста возраст.
Видови на референтни норми |
Норма ориентирана кон индивидуата |
Норма ориентирана кон целта на учење |
Социјална норма |
Проценувана големина | Напредок во учењето | Цел на учење | Крива на нормалната поделба, аритметичко средство, отстапки |
Количество на информации | Колку се научило помеѓу временски период 1 и 2? | Во колкава мера училишното дете ја постигнало целта на учење? | Колку силно отстапува индивидуалниот напредок од просекот на групата? |
Форми на оценување | Испитување, вербално оценување, извештај за напредокот во учењето, структурирано набљудување | Испитување ориентирано кон целта, извештај за напредокот во учењето, структурирано набљудување | Испитување со оценка која се ориентира на просекот на одделението |
Педагошко значење и импликации |
Многу високо; може да делува многу поддржувачки и мотивирачки во рамките на разговорите за оценување | Високо; може да делува стимулативно, но и преоптоварувачки. Корисно е одредувањето на пр. три различни нивоа на постигнување со различни барања / цели | Често се заложува за селективни цели; кај поттикнувањето на учениците нема значење; може да делува демотивирачки и/или да води до прекумерно конкурентно мислење |
Клучни концепти:
Правила и закони