Кои проблеми/конфликти може да се ги воочиме во нашето одделение?
Цели на учењето | Учениците развиваат разбирање за јавните добра и приватни-индивудални добра со помош на идентификување и разликување на проблемите кои ги забележуваат во одделението. |
Задачи на учениците | Учениците ги забележуваат проблемите (на памет) и ги класифицираат во категории на општи проблеми и индивидуални проблеми. |
Ресурси | Мали парчиња хартија, пенкала, информација за класификација на двете групи проблеми. |
Методи | Индивидуална работа, пленарна дискусија. |
Опис на часот
Наставникот го пишува насловот на лекцијата „Се е во ред! Дали навистина е?” на табла. Учениците добиваат задача да размислуваат за сè она што мислат дека не е во ред во нивната училница. Кога им се задава задачата на учениците, наставникот треба да ги напомене различните полиња каде проблемите или конфликтите може да се појават:
- Кога се работи заедно со другите соученици;
- Помеѓу момчиња и девојчиња;
- Кога се делат работи- како на пример истата маса или истата соба;
- Другарување со некој.
Учениците ги запишуваат проблемите или конфликтите на кои можат да се сетат на мали парчиња на хартија и самите одат до таблата и ги закачуваат на неа.
Откако ќе ги стават сите парчиња хартија на таблата, учениците седнуваат во круг пред таблата.
Следно, наставникот треба да наспомни дека постојат два различни видови на проблеми- индивидуални проблеми и општи проблеми. Наставникот дава примери за секој вид: на пример, преголемата врева во училницата може да биде општ проблем, но немање на доволно простор на масата може да биде индивудален проблем. Наставникот ги чита и дискутира проблемите кои се наведени на ливчињата на таблата и се обидува да ги подреди во соодветните категории. За да го направи тоа, наставникот има подготвено два листа хартија со кратко објаснување на “општи проблеми и конфликти” и “индивидуални проблеми и конфликти”. Наставникот ги става двете ливчиња хартија на врвот на таблата со цел да се направат две колони.
Откако учениците ќе завршат со подредување на проблемите и конфликтите по колони, наставникот започнува дискусија за тоа кои од наведените проблеми и конфликти можат да бидат разрешени.