Оваа матрица ја сумира информацијата која наставникот треба да ја испланира и предаде на часот. Стручното оспособување директно се однесува на ОДГ/ОЧП. Крајната цел на учење покажува што учениците знаат и разбираат. Задачата на учениците, заедно со методот го формираат главниот елемент на процесот на учење. Списокот на материјали е во корист на подготовката за час. Временскиот буџет на наставникот му дава груба ориентација за организацијата на време. |
|
Стручно оспособување | Преговарање за компромис. |
Крајна цел на учењето | Заемна зависност, конфликт на интереси. |
Задачи на учениците | Учениците анализираат сложен проблем. Учениците (треба да) соработуваат за да развијат заедничко решение. |
Материјали и извори | Исто како во лекција 1. |
Метод | Учење преку задачи. |
Временски буџет | 1. Риболовна игра (4-та рунда). – 7 мин. |
2. Преговори -15 мин. | |
3. Риболовна игра (рунди 5-7). – 20 мин. |
Информационо полеУчениците продолжуваат со играта, играјќи уште три или четири рунди. По 4-тата рунда, наставникот ги советува учениците да разговараат едни со други, ако не го направиле тоа досега. Овој пат буџетот е сопрен, за учениците да имаат можност да ги разменат своите мислења и сугестии. Наставникот одлучува колкав ќе биде овој период пред учениците да продолжат. |
Опис на лекцијата
Фаза 1: Учениците играат една рунда
Наставникот ги претставува резултатите. Ако учениците преземат иницијатива, наставникот ги остава да продолжат и им дава време. Насттавникот најавува дека интервалот меѓу риболовните сезони е продолжен за 10 минути.
Фаза 2: Преговори
Учениците се соочуваат со сериозен проблем – прекумерниот риболов – и немаат институционална рамка (правила на комуницирање, систем на риболовни правила и контроли, итн.) како поддршка освен ако не ја создадат.
Наставникот не треба да учествува во дискусиите на учениците на никаков начин (советник, коментатор, претседавач итн.), но внимава и слуша. Можноста за учење во пристапот на учење преку задачи лежи во проблемите, а учениците треба самите да се справат со нив како што е и во вистинскиот живот.
Фаза 3: Учениците играат три конечни рунди
Наставникот ги повикува учениците да продолжат со играта во нормално темпо. Зависно од резултатот од преговорите, играчите можат да ја сменат риболовната политика и резултатите ќе покажат успех при избегнувањето на колапс на рибниот фонд.