Образовни цели | Учениците се мотивирани да ја прифатат идејата за законот и правилата во една група. Учениците можат да ги прифатат разликите и да учествуваат во процеси на одлучување. Тие го развиваат нивниот креативен потенцијал за решавање конфликти. |
Ресурси | Материјал за ученици: „Список на казнувања“ |
Процедура
- Учениците кажуваат форми на казнување. Во овој вовед на часот тие се експерти, бидејќи тие можат да набљудуваат и да се користат со искуството. Тие може веќе да почнат со коментари.
Наставникот го дели материјалот „Список со казнувања“ на учениците, а тие тивко читаат. - Учениците дискутираат во мали групи (3-4 уч.) за тоа кои казни имаат смисла а кои не.
- Групите ги споделуваат резултатите со другите групи (тука е корисно аранжирањето како сложувалка; види вежба 5.3).
- Учениците се враќаат во нивните групи и дискутираат која казна треба да се користи во следните ситуации (и дали воопшто):
- ученик доаѓа на училиштедоцна
- ученик не ја напишал домашната задача
- ученик пречи во работата на часот
- ученик навредува соученик поради неговото потекло или религија
- ученик малтретира ученичка
- Ученик е насилен на часот/на одморите.
- Пленарна сесија: учениците ги претставуваат резултатите.
Последователната дискусија може да го обработува следното прашање: Дали има алтернативи за давањето на казна (пр. медијација меѓу злосторникот и жртвата)?
Продолжение
Учениците глумат сцена со позитивно, креативно решавање на конфликти.
Материјали
Материјал за ученици
Список со казнувања
|
9. Напомена: Книгата е пишувана 2008-ма година во Швајцарија. Во Р. Македонија бркањето од час е забрането со закон.
Клучни концепти:
Конфликт