Образовни цели | Учениците можат да ги одредат аспектите на војната и мирот. Учениците развиваат вештини на читање на сликите. Учениците можат да ги изразат личните идеи и чувства за војната и мирот. |
Ресурси | Купче од слики (фотографии, цртани, реклами, итн.) |
Процедура
- Се покажуваат фотографии на учениците. Пожелно е сликите да се закачат на ѕидовите во училницата или во ходникот. Учениците треба да ги гледаат сликите како на изложба.
- Учениците ја имаат можноста спонтано да реагираат. Кои слики претставуваат мир или војна? Наставникот не ги присилува да коментираат. На крајот од овој воведен чекор, тој/таа посочува дали учениците се согласни во нивните коментари. Не се дискутира за разликите во перцепциите.
- Учениците одбираат фотографија која посебно им е драга. Ако сакаат, тие можат одблиску да ја погледнат. Во тишина, тие писмено ги одговараат следните прашања:
- Што гледате (опис)?
- Кои се вашите мисли (размислување и фантазија)?
- Кои се вашите чувства (емоции)?
- Во групи од четири ученици, тие избираат слики и прават парови на контраст. Може да се вклучат некои од сликите кои ги проучуваа во чекорот 3, но може да се користат и други слики.
- Учениците ги претставуваат нивните избори во пленарната рунда и ги објаснуваат изборите. Ако снемува време, секоја група треба да претстави најмалку два контрастни парови.
- Размислување. Учениците ги изразуваат нивните мисли и чувства. Тие можат да поставуваат прашања за ситуациите на фотографиите, а овие прашања можат да водат кон понатамошно истражување.
Продолжение
Истата тематика може да се работи на часовите по литература и сликање.
Класот организира изложба на темите.